• Home
  • Одвикнување од цуцла лажливка

Одвикнување од цуцла лажливка

Цуцлите можат да ги искриват забите и вилицата и да предизвикаат проблеми со говорот.  Неопходна и крајна фаза за одвикнување на детето од цуцла е до 4та година, кога започнува процесот на растење на трајните заби.

Сепак не постои магична стратегија и техника која би помогнала преку ноќ детето да се одвикне од цуцла, секое дете е различно, па така и одвикнвањето кај некои ќе биде полесно, а кај некои потешко.

Цуцлата лажливка може да биде вистински сојузник на родителите во првата година од животот на детето, но со себе носи и проблеми а и потшкотии при одвикнување.

Еден од најизразените нагони во првите месеци од животот на бебето е неговата потреба од цицање. Има бебиња и деца кои обожаваат цуцла, цуцлата ги смирува, успива и задоволува нивните потреби во т.н орална фаза.

Но прекумерно, постојано и долго користење на цуцла не се препорачува затоа што може да предизвика појава на дентални проблеми, и/или ушни инфекции.

Како на најлесен начин да го одвикнете детето од цуцла?

Во пракса и од искуство можам да кажам дека родителите всушност повеќе се плашат од процесот на одвикнување од цуцла, отколку самитедеца. Кога ќе почнете со одвикнување од цуцла, многу е важно да не го критикувате постојано детето за цуцлат, затоа што така уште повеќе може да ја зацврсти  оваа навика, бидејќи детето станува свесно дека така привлекува внимание.

Не постои дете кое не се одвикнало од цуцла! Бидете трпеливи и толератни спрема детето, но и имајте реални очекувања а и останете константи. Не може детето да се одвикне од цуцла за еден ден, посебно не ако е поголемо од 10 месеци, но откако ќе одлучите да ја тргнете цуцлата, останете константи во тоа, колку и да ја бара вашето дете цуцлата не му ја давајте, останете констатни и трпеливи до крај, додека детето не се одвикне од цуцлата.

Еве неколку совети за тоа како да ја одвикнете цуцлата:

  1. постепено сечење на цуцлата – сечете ја цуцлата малку по малку секој ден додека не се намали или дупнете мало дупче на врвот на цуцлата. Оштетената цуцла не му го дава истото задоволство на детето како здравата.
  2. Ако детето ја користи цуцлата и преку ден за смирување, а не само за спиење, почнете да го намалувате користењето на цуцлата преку ден, односно да не му ја давате преку ден па дури и кога ќе се вознемири и ќе сака да се смири со помош на цуцла, користете ја само за спиење. Откако ќе ја исфрлите дневната употреба, тогаш ќе ја исфрлите целосно и останете доследни до тоа.
  3. Кај деца поголеми од 2ипол години, полесно се одвикнува цуцла, а за тоа секогаш може да изберете некоја интересна приказна како да ја одвикнете цуцлата, да се договорите со вашето дете, кај тодлери секогаш пробувајте да постигнете договор со разговор, на смирен начин. Откако ќе се договорите, ги отстранувате цуцлите, сигурно детето пак ќе ја побара цуцлата, но вие останувате доследни до договорот, го потсетувате вашето дете на договорот и не ја враќате цуцлата, колку и да е упорно и убедливо да ја вратите 😊
  4. Не користите сила и не му викајте на детето, не го споредувајте со други деца, и не го казнувајте, направете го тоа со разбирање. Имајте разбирање за процесот низ кој поминува вашето дете
  5. Не ја одвикнувајте цуцлата за време на скок во развој, регресија во спиење, одмор, преселба, болест или било каков друг период кој не е секојдневен за вас и вашето дете.
  6. Бебињата најлесно се одвикнуваат од цуцла до 9/10 месеци
  7. Откако ќе одлучите да ја исфрлите цуцлата, останете доследни и констатни до својата одлука. Кога еднаш ќе му ја земете цулата на вашето дете, нема враќање назад!

Не заборавајте дека секое дете е различно и одвикнувањето од цуцлата може да биде полесно или потешко. Но не постои дете кое не се одвикнало од цуцла, затоа имајте трпение и верувајте во вашето дете, многу често тие се многу поспособни и поспремни од тоа што ние мислиме.