Многу родители се прашуваат:
„Зошто моето бебе се буди секои 2–3 часа навечер, иако не е гладно?“
“Дали јас сум крива?”
„Дали е навикнато на доење? На нишкање?“
“Дали е време за тренинг за спиење?”
Многу родители мислат дека нешто не прават како што треба – но вистината е:
не сте вие виновни што детето не спие.
Често причината е поради биологијата, темпераментот и карактерот на бебето или навики што природно се создале во првите месеци. Повеќе за влијанието на темпераментот и карактерот можете да прочитате на овој линк.
Една од клучните причини за непроспани ноќи е начинот на кој бебето заспива. Ако бебето секогаш заспива со ваша помош – на градите, со шетање, со лулање или со цуцла – тоа не е само „слатка навика“. Тоа е начин на заспивање кој се врежува како “зависност”, а ќе му биде потребна секогаш кога ќе се разбуди.
Сонот не е цврста, непрекината состојба. И возрасните и децата природно минуваат низ циклуси, односно фази на спиење. Кај бебињата, еден циклус трае околу 45–60 минути. На крајот од секој циклус, (пред да се направи преод во следниот циклус на спиење), доваѓа до краткотрајно будење, односно мозокот прави кратка „проверка“:
Ако одговорот е „да“, бебето преминува во следниот циклус – без будење.
Но, ако бебето заспало со нишкање, а се буди само во креветче… мозокот препознава разлика → се активира аларм → се буди и бара повторно да му помогнете да заспие, односно ја бара повторно неговата за него позната средина и неговиот начин на успивање.
Ова е причината зошто бебињата кои не знаат да заспијат самостојно, често се будат – дури и ако нема реална потреба (глад, болка, мокра пелена итн.).
Самостојно заспивање значи дека детето може да заспие без ваша физичка помош – без нишкање, доење или галење.
Ова не значи дека детето не треба да добие утеха или блискост, ако тоа му е потребно. Но, кога ќе научи како да заспие само – без помош, без надворешен поттик – тогаш и во текот на ноќта, при природните краткотрајни будење, може повторно да се смири само и да продолжи со спиење, а тоа ќе го направи многу лесно, затоа што ќе се разбуди на местото каде што заспало (во своето креветче) и ќе може да презаспие само (затоа што така и заспало).
Исто како што возрасен кој се разбудил во текот на ноќта само се врти на другата страна и продолжува да спие, без паника.
Понекогаш – да.
Но, кај многу деца, особено ако подолго време биле зависни од некој надворешен начин на заспивање, потребно е постепено учење. Тоа се нарекува тренинг за самостојно заспивање, и се спроведува преку внимателно одбран метод кој одговара на:
возраста на детето
нивото на поддршка што сакате да го дадете
темпераментот на детето
вашите вредности како родители
Во суштина, тренингот значи да му овозможиме на детето нов начин да заспива, кој ќе може да го повтори и самостојно. Постои повеќе од еден пристап – а родителите треба да го изберат оној што најмногу им одговара.
На пример, некои методи се побрзи, но со повеќе фрустрација и солзи (Ferber, check-in), додека други се побавни, но понежни (седење покрај креветче, замена на навика).
Повеќе за овие разлики опишувам тука:
Разликата помеѓу тренинг методите за спиење на бебињата
Во нашите структурирани програми за спиење, родителите добиваат:
Индивидуален распоред и дневен ред, креирани специјално за вашето дете.
Видеа со јасни чекори – ќе ве водам низ целиот процес, чекор по чекор до целта.
План со кој ќе го научите детето да заспива само и да ја преспива ноќта.
Насоки за постепено намалување или целосно одвикнување од ноќни подои или АД.
Решение за кратки дремки и рани будења.
1 месец пристап до видео програмата.
Дополнителна секојднвна поддршка од мене доколку тоа ви е потребно.
Или накратко: Програма за самостојно успивање и проспани ноќи.
Погледнете ги сите програми тука: drgoodnight.mk
Начинот на кој детето заспива не е само „навика“ – тоа е основа на целиот ноќен сон.
– Ако детето не знае како да заспие само, ќе се буди и ќе бара помош при секој преод од еден во друг циклус ( а тоа се случува на секои 45 до 60 минути).
– Ако му помогнеме да научи нов, самостоен начин – му давате алатка што ќе ја користи секоја вечер, цел живот.
“Ако сте подготвени за следниот чекор, јас сум тука да ви помогнам.
За проспани ноќи и посреќни утра” – вашиот Dr.Goodnight
Your information will never be shared with any third party