За нас · од 2016 година

Првиот специјализиран центар за здрав сон кај бебиња и деца до 6 години

Dr.Goodnight комбинира експертиза, истражување и искуство во нежни програми за спиење — за мирни ноќи и среќни денови за целото семејство. Експертиза, истражување и искуство во нежни програми за спиење.

Бебе мирно спие – Dr.Goodnight
Експертиза Нежни методи, без присила
Нежни методи, без присила
2016основан Dr.Goodnight
10+години искуство на Сања
10.000+задоволни семејства
3 земјиМакедонија, Србија, Австрија
Сања Ѓорѓева, основач на Dr.Goodnight и експерт за спиење

Основач

Сања Ѓорѓева — основач и експерт за спиење

Основач Тренер за спиење Мајка на три деца Sleep N’Grow Магистрант по јавно здравје
  1. Почеток

    I Dream Concept

  2. Едукација

    Kim West (The Sleep Lady)

  3. 2016

    Го основа Dr.Goodnight

  4. Денес

    Мастер студии по јавно здравје

Драги родители, јас сум Сања Ѓорѓева, основач на Dr.Goodnight, експерт за детски сон и мајка на три деца.

Повеќе од 11 години професионално работам во областа на спиењето, а Dr.Goodnight го основав во 2016 година со една јасна цел - на родителите да им понудам стручна, нежна и индивидуална поддршка, без екстремни методи и без пристап „едно решение за сите“.

Мојата професионална едукација во областа на детскиот сон ја продолжив преку Америчката програма Gentle Sleep Coach на Kim West-The Sleep Lady, чиј пристап се темели на постепени промени, присуство и поддршка од родителот, како и почитување на потребите на детето и семејството.

Во изминатите години преку Dr.Goodnight сме работеле со повеќе од 10.000 семејства од Македонија, Србија и други земји, помагајќи им да воспостават поздрави навики за спиење и поодржлив семеен ритам.

Паралелно со практичната работа, мојот професионален интерес за спиењето го развивам и академски. Магистрант сум по Јавно здравје на Медицинскиот факултет при УКИМ, каде мојата истражувачка работа е насочена кон спиењето, здравјето и квалитетот на живот кај мајките и малите деца.

За мене, добриот сон никогаш не е само прашање на тоа дали детето „ја преспива ноќта“. Спиењето е тесно поврзано со развојот, расположението, функционирањето на детето во текот на денот, но и со физичката и менталната благосостојба на целото семејство.

„Никогаш нема да ви кажам дека мора да престанете да доите, да спиете заедно или да го земате своето дете во раце, освен ако вие самите не сакате нешто да промените.“

Не верувам во универзални правила за секое дете. Мојата работа пред се е да разберам како спие вашето дете, што стои зад проблемот и што е реално и прифатливо за вашето семејство, а потоа да ви помогнам со јасен, структуриран и одржлив план да го подобрите спиењето.

Ако сте тука затоа што сте уморни, исцрпени или едноставно повеќе не знаете што да пробате не мора сами да барате решение. Токму затоа постои Dr.Goodnight.

Со почит, Сања Ѓорѓева

Мојата програма за спиење

„Никогаш нема да ви кажам дека мора да престанете да доите, да спиете заедно или да го земате своето дете во раце, освен ако вие самите не сакате нешто да промените.“

Нашиот пристап

Не „брз трик“, туку нежен и научно заснован метод Нежен и научно заснован метод

Научно заснован пристап

Работиме според современи сознанија за спиењето, развојот и однесувањето на децата. Современи сознанија за спиењето и развојот.

Ја почитуваме приврзаноста

Пристапот ја зачувува близината, чувството на сигурност и одговорот на потребите на детето. Близина, сигурност и одговор на потребите.

Нежни и постепени методи

Промените ги воведуваме постепено, со присуство и поддршка од родителот. Постепени промени со присуство на родителот.

Во склад со вашето семејство

Планот го приспособуваме на вашите вредности, навики и граници, не ве тераме на промени што не ги сакате. Според вашите вредности — без присила.

Тимот

Запознајте го тимот на Dr.Goodnight

Dr.Goodnight денес е систем, методологија и тим на едуцирани тренери кои работат под надзор на Сања и според исти стандарди. Едуцирани тренери што работат под надзор на Сања и според исти стандарди.

Елеонора Алексиќ, сертифициран Dr.Goodnight тренер за спиење

Елеонора Алексиќ

Сертифициран Dr.Goodnight тренер за спиењеСертифициран тренер Дипломиран семеен едукатор

Обучена е според нежниот и поддржувачки метод на Dr.Goodnight, кој се базира на научни истражувања, развојна психологија и безбедна детска приврзаност. Како мајка, Елеонора од лично искуство ја разбира важноста на квалитетниот сон и влијанието што тој го има врз растот, развојот и благосостојбата на целото семејство.

Нејзиниот професионален пат како тренер за спиење произлегува токму од позитивните промени што ги доживеала во сопственото семејство по воспоставувањето здрави навики за спиење. Под менторство на Сања Ѓорѓева, основач на Dr.Goodnight, Елеонора помина интензивна и сеопфатна едукација, стекнувајќи знаење и практични вештини за работа со различни семејства, возрасти и предизвици поврзани со спиењето.

Нејзината мисија е да им биде поддршка на родителите, да помогне во создавање мирни ноќи, лесно заспивање и здрав развој на децата — со многу емпатија, индивидуален пристап и почит кон потребите на секое семејство.

Програми со ЕлеонораПрограма со Елеонора →

Сертификација

Меѓународна обука и сертификати

Сертификатите и обуките го гарантираат квалитетот на нашата работа — и вашиот мирен сон.

← Лизгајте за сите сертификати

Искуства

Што велат родителите

Сите успешни приказни →Сите →
„Сања, со тебе никој веќе нема да има потешкотии, се радувам на второ дете само ради тоа што го решивме проблемот со спиење на Тео!“
БојанаМајка на Тео
„Нема ништо поубаво од тоа детето да ти стане наспано, насмеано и расположено. Ве препорачувам!“
МоникаМајка
„Благодарение на вашите совети, нашиот 19-месечен неспијач спие цела ноќ без будење веќе 5 месеци.“
КатеринаМајка на Војдан

Да им помогнеме на семејствата да си го вратат сонот и мирот во домот. Да ви помогнеме да си го вратите сонот.

Изберете програма според возраста на вашето дете или закажете разговор со тимот. Изберете програма или закажете разговор со тимот.

Видете ги програмите

Стандардна програма за спиење за бебиња од 5 до 23 месеци

Updated: September 30, 2026
Intermediate

Индивидуален дневен ред и распоред за вашето бебе, видео лекции и 2 онлајн разговори што ве водат чекор по чекор до проспани ноќи.

Премиум програма за спиење за бебиња од 5 до 23 месеци

Updated: September 30, 2026
Intermediate

Индивидуален дневен ред и распоред за вашето бебе, видео лекции и 15 дена лична поддршка што ве водат чекор по чекор до проспани ноќи.

Основна програма за спиење за бебиња од 5 до 23 месеци

Updated: September 30, 2026
All Levels

Индивидуален дневен ред и распоред за вашето бебе и мои видео лекции што ве водат чекор по чекор до проспани ноќи.

Основна програма за спиење за бебиња од 0 до 4 месеци

Updated: December 10, 2023
All Levels

Ексклузивна програма за спиење за дете од 2 до 6 години

Updated: December 10, 2023
Intermediate

ЕКСКЛУЗИВНА ПРОГРАМА ЗА СПИЕЊЕ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА од 5 месеци до 6 години

Updated: November 20, 2023
Intermediate

Програма за идни родители и новороденчиња до 4 месеци

Updated: August 8, 2023
All Levels 1 hour

Вашето бебе/дете сеуште не ги преспива ноќите? Се буди често? Не знае да заспие само? Има кратки дремки? Ние ви го нудиме решението! Со помош на нашата индивидуална програма ќе ги вратите проспаните ноќи во вашето семејство за помалку од две недели.