• Home
  • Враќање и рефундирање

Враќање и рефундирање

Со извршено плаќање за програмите, се согласувате да користите начин на плаќање преку платежна картичка. Доколку не сте задоволни со услугата, Доктор Гуднајт нуди можност за рефундирање на средствата или можност за кредит за купување на друга програма во рок од 30 дена.

Цена

Цените на програмите се одредуваат врз основа на Условите на инструкторот и нашата политика. Повремено, спроведуваме промоции и попусти за одредени програми, при што одредена програма е достапна по намалени цени за одреден временски период. Цената за одредена програма ќе биде цената која е прикажана во моментот кога ќе го завршите купувањето на програмата (по наплатата).

Цените на сите програми на веб страницата се изразени во денари со вклучен ДДВ.
Доктор Гуднајт го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако купувањето на програмата е извршено. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на купувањето, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме

Плаќања

Со купување на програма се согласувате да ги платите надоместоците за истата и нè овластувате да извршиме наплата од вашата дебитна или кредитна картичка за тие надоместоци. Доктор Гуднајт го задржува правото да го оневозможи пристапот до која било програма за која не добил соодветно плаќање.

Рефундации

Доколку програмата што ја купивте не е она што го очекувавте, може да побарате во рок од 30 дена од купувањето на програмата, Доктор Гуднајт да изврши рефундација на средствата на вашата сметка. Дополнително, можете да побарате користење на уплатените средства во форма на кредит за понатамошно купување на друга програма.
Го задржуваме правото да го оневозможиме рефундирањето ако го побарате по истекот на рокот од 30 дена. Доколку програмата што претходно сте ја купиле е оневозможена од други причини, имате право на рефундирање над овој лимит од 30 дена.

Политики за користење на системот за електронска трговија

Со самиот пристап на интернет страницата на Доктор Гуднајт и при купување на програмите, давате согласност дека ги прифаќате сите Услови за користење на системот за електронска трговија. Доктор Гуднајт ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

Политика за заштита на личните податоци на корисниците на картички

Доктор Гуднајт ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Северна Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-мејл адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Доктор Гуднајт не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

Политика за заштита на доверливите податоци и информации

Доктор Гуднајт ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Доктор Гуднајт за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб порталот на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.

Со потврда на Вашето купување во целост ги прифаќате и се согласувате со Условите за плаќање и рефундирање на програмите.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате на info@drgoodnight.mk или на 075 455 454.

    Ексклузивна “Live” програма за спиење за бебиња од 5 до 20 месеци

    Updated: March 11, 2024
    Intermediate

    Ексклузивната програма, или таканаречена “Live” програма, е за сите оние кои сакаат целиот процес од почеток до крај да го водат ексклузивно само со Сања Ѓорѓева. Во оваа програма е предвиден состанок онлајн или во канцеларија од околу 1 до 1,5 час, на кој ќе ви биде детално објаснета целата програма, а за време на

    Основна програма за спиење за бебиња од 0 до 4 месеци

    Updated: December 10, 2023
    All Levels

    Ексклузивна програма за спиење за дете од 2 до 6 години

    Updated: December 10, 2023
    Intermediate

    ЕКСКЛУЗИВНА ПРОГРАМА ЗА СПИЕЊЕ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА од 5 месеци до 6 години

    Updated: November 20, 2023
    Intermediate

    Премиум програма за спиење за бебиња од 5 до 20 месеци

    Updated: March 11, 2024
    Intermediate

    Премиум програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 20 месеци кои имаат потешкотии со спиењето и родители кои сакаат да имаат целосна поддршка од нашиот тим за време на целиот тренинг процес. Оваа програма опфаќа: индивидуален дневен ред и распоред (кој ќе ви биде испратен во рок од 24-48 часа

    Стандардна програма за спиење за бебиња од 5 до 20 месеци

    Updated: March 11, 2024
    Intermediate

    Стандардната програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 20 месеци кои имаат потешкотии со спиењето. Оваа програма опфаќа: индивидуален дневен ред и распоред (кој ќе ви биде испратен во рок од 24-48 часа на меил, одкако ќе ја купите програмата и ќе го одговорите прашалникот), рутини за спиење, тренинг метода

    Основна програма за спиење за бебиња од 5 до 20 месеци

    Updated: March 11, 2024
    All Levels

    Основната програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 18 месеци кои имаат потешкотии со спиењето.

    Програма за идни родители и новороденчиња до 4 месеци

    Updated: August 8, 2023
    All Levels 1 hour

    Вашето бебе/дете сеуште не ги преспива ноќите? Се буди често? Не знае да заспие само? Има кратки дремки? Ние ви го нудиме решението! Со помош на нашата индивидуална програма ќе ги вратите проспаните ноќи во вашето семејство за помалку од две недели.