• Home
  • Политика на приватност

Политика на приватност

Ние од Доктор Гуднајт ја цениме Вашата приватност и сме посветени на заштита на Вашите лични податоци. Оваа Политика за приватност опишува како ги собираме, користиме, чуваме и обработуваме Вашите податоци при посета и/или користење на интернет услугите достапни на нашата веб страница www.drgoodnight.mk. Со користење на нашата веб страница, во целост се согласувате со практиките опишани во оваа Политика.

Со цел да се овозможи користење на услугата за веб продажба и успешно реализирање на нарачките на Доктор Гуднајт, која е детално опишана во делот насловен „Политика на купување“, потребно е Доктор Гуднајт да прибира и да обработува одредени Ваши лични податоци. Конкретно, потребни ни се Вашето име и презиме, адреса на живеење и e-mail адреса, телефонски број и информации за Вашата платежна картичка. Овие информации ги давате во моментот на Вашата регистрација на нашата веб страница и во моментот на нарачување на производот. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на Доктор Гуднајт за наведената цел. Ве молиме имајте предвид дека бројот на кредитната картичка се испраќа преку кодирана и 100% сигурна врска директно до банката. Доктор Гуднајт нема никаков пристап до никакви информации поврзани со Вашата картичка или Вашата сметка во банка.

Доктор Гуднајт ќе ги користи сите собрани лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени. Вашите лични податоци ќе се користат со цел да можеме навремено и точно да ја испорачаме Вашата нарачка и да ја наплатиме цената за продадените артикли и цената на услугата.
Дополнително, Вашите лични податоци ќе се користат за информирање за Вашите нарачки, како и за маркетинг цели – нови понуди, попусти или промоции, единствено по дадена согласност од Ваша страна, односно од страна на лицата чии податоци се обработуваат. На корисниците им даваме можност за избор, вклучувајќи можност во секое време да ја повлечат дадената согласност за обработка на неговите лични податоци за маркетинг цели. Исто така, Вашите лични податоци ќе се користат за континуирано подобрување на услугите кои ги нуди нашата веб страница, како и Доктор Гуднајт воопшто, за подобрување на нашата понуда и за поедноставно и пријатно користење на услугите.

Како субјект на лични податоци, Вие имате право во секое време да побарате информација за тоа кои лични податоци ние ги поседуваме за Вас, да побарате нивна исправка доколку истите не се точни, нивно бришење, ограничување на обработката или да поднесете приговор. Исто така, имате право во секое време да ги повлечете дадените согласности во врска со обработката на Вашите лични податоци. Покрај тоа, можете да побарате да не Ви се праќа електронска пошта со рекламна содржина на Вашата адреса, без притоа да бидат избришани Вашите лични податоци од нашата збирка на лични податоци.

Доктор Гуднајт се обврзува дека ќе ја чува приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само наведените основни податоци за корисниците кои се неопходни за постапување по нарачките и информирање на корисниците согласно деловните процеси и со цел давање квалитетна услуга. Во случај на враќање или замена на производи ги обработуваме податоците кои се неопходни за постапување соодветно на барањето на купувачот.

Сите податоци за корисниците грижливо се чувани. Доктор Гуднајт ги превзема сите потребни организациски, административни, технички и физички мерки за заштита на вашите лични податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, нивна објава, промена или уништување. Сите лица кои имаат пристап до овие податоци се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци и да ги спроведуваат мерките за нивна заштита.

Исто така, личните податоци ќе бидат чувани и користени во рок и на начин јасно предвидени во согласност со Законот за заштита на лични податоци, сите останати применливи закони и со други важечки прописи на Република Северна Македонија, како и сите технички и организациски мерки за безбедност. Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб страница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република Северна Македонија.

Доктор Гуднајт нема да ги објави личните податоци пред ниту една страна. Доктор Гуднајт може да ги обезбеди личните податоци само во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судски наредби или други правни или регулативни потреби.

Користењето на нашите услуги подразбира Ваша согласност со наведените услови на користење. Се обврзуваме дека ќе се придржуваме до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница.

Доколку имате какви било прашања во врска оваа Политика на приватност за заштита на личните податоци Ве молиме обратете се на info@drgoodnight.mk или на 075/455-454.

Ексклузивна “Live” програма за спиење за бебиња од 5 до 20 месеци

Updated: March 11, 2024
Intermediate

Ексклузивната програма, или таканаречена “Live” програма, е за сите оние кои сакаат целиот процес од почеток до крај да го водат ексклузивно само со Сања Ѓорѓева. Во оваа програма е предвиден состанок онлајн или во канцеларија од околу 1 до 1,5 час, на кој ќе ви биде детално објаснета целата програма, а за време на

Основна програма за спиење за бебиња од 0 до 4 месеци

Updated: December 10, 2023
All Levels

Ексклузивна програма за спиење за дете од 2 до 6 години

Updated: December 10, 2023
Intermediate

ЕКСКЛУЗИВНА ПРОГРАМА ЗА СПИЕЊЕ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА од 5 месеци до 6 години

Updated: November 20, 2023
Intermediate

Премиум програма за спиење за бебиња од 5 до 20 месеци

Updated: March 11, 2024
Intermediate

Премиум програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 20 месеци кои имаат потешкотии со спиењето и родители кои сакаат да имаат целосна поддршка од нашиот тим за време на целиот тренинг процес. Оваа програма опфаќа: индивидуален дневен ред и распоред (кој ќе ви биде испратен во рок од 24-48 часа

Стандардна програма за спиење за бебиња од 5 до 20 месеци

Updated: March 11, 2024
Intermediate

Стандардната програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 20 месеци кои имаат потешкотии со спиењето. Оваа програма опфаќа: индивидуален дневен ред и распоред (кој ќе ви биде испратен во рок од 24-48 часа на меил, одкако ќе ја купите програмата и ќе го одговорите прашалникот), рутини за спиење, тренинг метода

Основна програма за спиење за бебиња од 5 до 20 месеци

Updated: March 11, 2024
All Levels

Основната програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 18 месеци кои имаат потешкотии со спиењето.

Програма за идни родители и новороденчиња до 4 месеци

Updated: August 8, 2023
All Levels 1 hour

Вашето бебе/дете сеуште не ги преспива ноќите? Се буди често? Не знае да заспие само? Има кратки дремки? Ние ви го нудиме решението! Со помош на нашата индивидуална програма ќе ги вратите проспаните ноќи во вашето семејство за помалку од две недели.