Центар за спиење на бебиња и деца до 6 години Помирни ноќи
за целото
семејство.

Им помагаме на бебињата и децата до 6 години да спијат подобро – со индивидуален план и нежни методи, без оставање сами да плачат.

10+ години
искуство
10.000+ задоволни
клиенти
Индивидуален план според потребите
на вашето дете
Нежен пристап со присуство и поддршка
од родителот
Бебе што мирно спие по програма за спиење

Мирни ноќи, подолги дремки и дете што самостојно заспива.

Кога детето спие подобро, придобивките ги чувствува целото семејство.

Сања Ѓорѓева, основач на Dr.Goodnight
Основач на Dr.Goodnight

Сања Ѓорѓева

10+ години искуство · мајка на три деца

„Го создадов Dr.Goodnight со една желба – да им помогнам на што повеќе семејства и да покажам дека непроспаните ноќи не мора да бидат дел од нивното секојдневие.

Со годините, таа желба прерасна во моја вистинска пасија, а Dr.Goodnight во успешна приказна, изградена врз довербата на илјадници родители.“

Отсекогаш верував дека добриот сон на детето има многу поголемо значење од самото спиење. Тој влијае не само врз здравјето и развојот на детето, туку и врз квалитетот на родителството, партнерските односи и целокупната семејна динамика.

За да го подобриме сонот, најпрво треба да го разбереме детето, неговите потреби и секојдневие. Токму затоа, во моите програми го вложив целото свое знаење, научните сознанија и искуството стекнато низ годините, за секое семејство да добие јасни, практични и проверени насоки.“

— Сања
Нашиот пристап

Нежен пристап заснован на современи научни сознанија

Научно заснован пристап

Ги следиме современите сознанија за детскиот сон и развој.

Ја почитуваме приврзаноста

Близина, сигурност и одговор на потребите на детето.

Нежни и постепени методи

Без нагли промени и без оставање на детето само да плаче.

Приспособено на вашето семејство

Со почитување на потребите на детето и вредностите на родителите.

Звучи познато?

Што најмногу ве мачи со спиењето?

Изберете еден проблем и одговорете на едно прашање. Добивате мал прв чекор што можете да го пробате уште вечерва и наша насока за вашето дете.

Како функционира?

Четири чекори до подобар сон

  1. Чекор 1 од 4

    Избирате програма

    Според возраста на детето, а потоа го одговарате прашалникот што ќе ви стигне на меил.

  2. Чекор 2 од 4

    Добивате индивидуален план

    Детално го анализираме вашиот прашалник и подготвуваме план приспособен на проблематиката, карактерот и темпераментот на детето и вашата фамилијарна динамика.

  3. Чекор 3 од 4

    Започнувате со тренингот

    Следејќи ја програмата изработена за вас и деталните инструкции од нашиот тим.

  4. Чекор 4 од 4

    Уживајте во проспаните ноќи

    Додека вашето дете спокојно спие, вие уживајте во времето само за вас.

Колку е старо вашето дете?

Програми

За бебиња од 5 до 23 месеци

Лично од Сања★ Препорачано
11 години експертиза

Програма со Сања

Индивидуален план изработен лично од Сања, експерт за детски сон со 11 години искуство и над 10.000 семејства зад себе.

  • Сања лично го анализира прашалникот
  • Индивидуален план приспособен за вашето дете
  • Сања е со вас во секој чекор од тренингот
Основна9.000 ден.Стандардна12.000 ден.РаспродаденоПремиум18.000 ден.Распродадено
Елеонора АлексиќСертифициран тренер за спиење
Елеонора Алексиќ, тренер за спиење
Онлајн консултација
Сертифициран тренер

Програма со Елеонора

Индивидуален план изработен од Елеонора, сертифициран тренер за детски сон, со спроведување на техниките и методите на Dr.Goodnight.

  • Анализа на прашалникот и план
  • Консултација од 1 час со Елеонора
  • Техниките и методите на Dr.Goodnight
Основна6.000 ден.Ексклузивна12.000 ден.

Успешни приказни

Родителите кажуваат Родителите кажуваат

Сите приказни →
Порака на Instagram Со Сања

Од заспивање по полноќ до 20:00

„…кичмата ми знае колку се нишавме година и 3 месеци. Сега заспива сама во 20:00 и сабајле во 7 не можеме да ја разбудиме.“
Мајка на девојче бебе од 1 г. и 3 мес.
Објава на Facebook Со Сања

13 месеци само во раце, сега заспива сам

„Не верував дека [синот] може да заспие сам, па и да ја преспие цела вечер, 13 месеци спиеше само во раце…“
Надица мајка на момче
Google ★★★★★ Со Сања

Сама во својата соба уште од првата вечер

„Со помош на Сања, ќерка ни спиеше сама во својата соба уште од првата вечер на тренингот. […] Ова не е класичниот cry-it-out метод.“
Преведено од англиски
Филип Г. татко на девојче
Google ★★★★★ Консултација

Близнаците веднаш во свое креветче

„Го средивме дневното спиење, потоа и самостојното заспивање, а близнаците започнаа веднаш да спијат во свое креветче!“
Љубица Ц. мајка на близнаци
Google ★★★★★ Со Сања

На 2 години: заспива сам, без шише

„Детето до 2 год не спиеше, сега спие одлично и заспива сам. Така го тргнавме и шишето и млекото.“
Ана дете од 2 години
Google ★★★★★ Со Елеонора

До шестиот ден ја преспиваше ноќта

„Нашето 12-месечно дете се будеше на секои 3 часа за доење. […] Ноќното доење престана до третиот ден, а до шестиот ден ја преспиваше ноќта.“
Преведено од англиски
Бојана У. мајка на 12-месечно момче
Нашиот тим

Запознајте ги нашите сертифицирани тренери

Секој тренер во Dr.Goodnight е обучен под менторство на Сања и работи по истите нежни методи – со индивидуален план, без оставање на детето само да плаче.

Елеонора Алексиќ, сертифициран тренер за спиење

Елеонора Алексиќ

Сертифициран Dr.Goodnight тренер

Дипломиран семеен едукатор и сертифициран Dr.Goodnight тренер за спиење. Обучена под менторство на Сања, работи со семејства со деца до 6 години – со индивидуален план и нежен пристап.

Бесплатен калкулатор

Скокови во развој

Табелата од 0 до 79 недела покажува кога бебето е мирно, а кога е во скок и спие понемирно. Внесете кога е родено и видете каде е вашето бебе сега.

недели:кликнете на недела за да видите што значидопрете недела
Мирно бебе Раздразнето бебе Добро расположение Лошо расположение
Кај предвреме родени бебиња се пишува предвидениот термин, а не датумот на раѓање.
Внесете датум и вашата недела ќе светне во табелата. Или кликнетедопрете која било недела.
Сонот е нарушен и по скокот?Видете ги програмите
Повеќе за скоковите во развој →

Подкаст

Sleep N’Grow – подкаст за спиење и родителство

Првиот македонски подкаст посветен на спиењето и предизвиците на родителството — со Сања Ѓорѓева. Првиот македонски подкаст посветен на спиењето и предизвиците на родителството.

Сите епизоди

Прашања

Често поставувани прашања

Сите прашања (ЧПП) →

Да, ќе протестира, бидејќи секоја промена носи протест. Но вие сте цело време во собата и реагирате, а плачењето најчесто е помалку отколку што очекувате. Протестот не значи дека детето се чувствува напуштено или дека ќе ја нарушите врската меѓу вас.

Совети за спиење директно во вашето сандаче

Пријавете се за новости и први информации за нови програми.

Контактирајте нè
Најдете програма

Стандардна програма за спиење за бебиња од 5 до 23 месеци

Updated: September 30, 2026
Intermediate

Индивидуален дневен ред и распоред за вашето бебе, видео лекции и 2 онлајн разговори што ве водат чекор по чекор до проспани ноќи.

Премиум програма за спиење за бебиња од 5 до 23 месеци

Updated: September 30, 2026
Intermediate

Индивидуален дневен ред и распоред за вашето бебе, видео лекции и 15 дена лична поддршка што ве водат чекор по чекор до проспани ноќи.

Основна програма за спиење за бебиња од 5 до 23 месеци

Updated: September 30, 2026
All Levels

Индивидуален дневен ред и распоред за вашето бебе и мои видео лекции што ве водат чекор по чекор до проспани ноќи.

Основна програма за спиење за бебиња од 0 до 4 месеци

Updated: December 10, 2023
All Levels

Ексклузивна програма за спиење за дете од 2 до 6 години

Updated: December 10, 2023
Intermediate

ЕКСКЛУЗИВНА ПРОГРАМА ЗА СПИЕЊЕ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА од 5 месеци до 6 години

Updated: November 20, 2023
Intermediate

Програма за идни родители и новороденчиња до 4 месеци

Updated: August 8, 2023
All Levels 1 hour

Вашето бебе/дете сеуште не ги преспива ноќите? Се буди често? Не знае да заспие само? Има кратки дремки? Ние ви го нудиме решението! Со помош на нашата индивидуална програма ќе ги вратите проспаните ноќи во вашето семејство за помалку од две недели.