Основната програма е наменета за бебиња од 5 до 23 месеци кои имаат потешкотии со спиењето.
Откако ќе ја купите програмата и ќе го одговорите прашалникот, во рок од 24 – 48 часа на меил ви го испраќам вашиот индивидуален дневен ред и распоред. Веднаш добивате пристап до моите снимени видео лекции, во кои детално ги објаснувам методите и техниките што треба да ги применувате за да дојдете до проспани ноќи.
Програмата опфаќа рутини за спиење, тренинг метода за самостојно заспивање и презаспивање во текот на ноќта, намалување или одвикнување од ноќните подои или ноќна дохрана, решение за раните утрински будења и методи за продолжување на кратките дремки.
До видео лекциите имате пристап 1 месец од денот на купувањето. Во истиот рок можете да ни испратите едно прашање по меил или порака.
Ако ви треба дополнителна поддршка за време на тренингот, пакетот можете да го надоградите со доплата за еднократна консултација или за Стандардната програма.
Изберете · 9.000 ден. →РаспродаденоПишете ни за следниот термин