Индивидуална програма со Сања · бебиња од 5 до 23 месеци

Програма за спиење за бебиња од 5 до 23 месеци

Лично го анализирам вашиот прашалник и ви подготвувам индивидуален дневен ред и распоред, а моите видео лекции ве водат низ секој чекор. Трите пакети се разликуваат само по тоа колку поддршка добивате додека трае тренингот.

План на меил за 24 – 48 чНад 2 часа видео лекцииНежна метода, околу 2 недели
Сања Ѓорѓева, основач на Dr.Goodnight и експерт за спиење кај бебиња
Сања ЃорѓеваОсновачОсновач на Dr.Goodnight и експерт за спиење, ~11 години искуство. Водител на подкастот Sleep N’Grow.
+ 2 онлајн разговори

Стандардна

12.000 ден.

Сè од Основната, плус два онлајн разговори од по 30 минути додека трае тренингот.

2 онлајн разговори × 30 мин. и едно прашање по меил, во рок од 1 месец.

12.000 ден. Изберете Стандардна →РаспродаденоПишете ни за следниот термин Прочитајте детално

Што е вклучено

Разликата меѓу пакетите
Пакетот вклучуваОсновнаСтандарднаСтанд.Премиум
Индивидуален дневен ред и распоредна меил, 24 – 48 ч по прашалникот
Мои видео лекции, над 2 часапристап 1 месец
Програма за спиење во PDF
Самостојно заспивање и презаспивањенежна Dr.Goodnight метода
План за ноќните подои или АДнамалување или одвикнување
Рани утрински будења и кратки дремки
Прашање по меил или порака1 прашање11 прашање1Секој ден, 15 денаСекој ден
Онлајн разговори од 30 мин.—2 разговори21 со Сања, пред тренингот1 со Сања
Сања лично го следи тренинготтелефон, меил, пораки——15 дена15 дена
Основна, ако

ви треба јасен план и објаснување, а тренингот сакате да го спроведете сами.

Стандардна, ако

сакате план и видеа, но и да разговарате со нас двапати додека трае тренингот.

Премиум, ако

сакате целосна поддршка: јас лично да ве водам и да ве следам секој ден, 15 дена.

Што ќе научите, во сите пакети

  1. Развој и циклуси на спиењетоЌе ја препознаете причината за ноќните будења и ќе го најдете решението.
  2. Дневен ред и распоредДремки и прозор на будност соодветни за возраста, без премор.
  3. Самостојно заспивањеБез нишање, доење или шише, и рутина што го олеснува успивањето.
  4. Ноќни подои и дохранаПлан за постепено намалување или целосно одвикнување.
  5. Рани будења и кратки дремкиКако да ги продолжите дремките и да спиете подолго наутро.

Детално за пакетите

Основна програма9.000 ден.

Основната програма е наменета за бебиња од 5 до 23 месеци кои имаат потешкотии со спиењето.

Откако ќе ја купите програмата и ќе го одговорите прашалникот, во рок од 24 – 48 часа на меил ви го испраќам вашиот индивидуален дневен ред и распоред. Веднаш добивате пристап до моите снимени видео лекции, во кои детално ги објаснувам методите и техниките што треба да ги применувате за да дојдете до проспани ноќи.

Програмата опфаќа рутини за спиење, тренинг метода за самостојно заспивање и презаспивање во текот на ноќта, намалување или одвикнување од ноќните подои или ноќна дохрана, решение за раните утрински будења и методи за продолжување на кратките дремки.

До видео лекциите имате пристап 1 месец од денот на купувањето. Во истиот рок можете да ни испратите едно прашање по меил или порака.

Ако ви треба дополнителна поддршка за време на тренингот, пакетот можете да го надоградите со доплата за еднократна консултација или за Стандардната програма.

Изберете · 9.000 ден. →РаспродаденоПишете ни за следниот термин
Стандардна програма12.000 ден.

Стандардната програма е наменета за бебиња од 5 до 23 месеци кои имаат потешкотии со спиењето.

Ги вклучува сите делови од Основната програма: индивидуален дневен ред и распоред на меил во рок од 24 – 48 часа, моите видео лекции, рутини, тренинг метода за самостојно заспивање, план за ноќните подои, раните будења и кратките дремки.

Дополнително можете да закажете 2 онлајн разговори, секој од по 30 минути, и да ни испратите едно прашање по меил или порака. Сè ова го користите во рок од 1 месец од купувањето.

Ако ви треба уште поддршка, пакетот можете да го надоградите со доплата за еднократна консултација или за Премиум програмата.

Изберете · 12.000 ден. →РаспродаденоПишете ни за следниот термин
Премиум програма18.000 ден.

Премиум програмата е наменета за бебиња од 5 до 23 месеци кои имаат потешкотии со спиењето и за родители кои сакаат целосна поддршка за време на целиот тренинг.

Ги вклучува сите делови од Основната програма: индивидуален дневен ред и распоред на меил во рок од 24 – 48 часа, моите видео лекции, рутини, тренинг метода за самостојно заспивање, план за ноќните подои, раните будења и кратките дремки.

Пред да почнете, имаме 30-минутен онлајн разговор. За време на тренингот сум целосно ангажирана 15 дена, преку телефон, меил или пораки: го следиме напредокот и реакциите на вашето дете и сме со вас од почетокот до крајот.

Изберете · 18.000 ден. →РаспродаденоПишете ни за следниот термин

Како изгледа процесот

  1. 1Изберете пакет

    Кликнете „Изберете“ и купете ја програмата.

  2. 2Одговорете на прашалникот

    За спиењето, рутината и навиките на бебето.

  3. 3План и видео лекции

    Планот ви стигнува на меил за 24 – 48 ч, видеата ги гледате веднаш.

  4. 4Тренинг

    Чекор по чекор, до проспани ноќи за околу две недели.

Најчесто прашање

Дали бебето ќе плаче?

Искрено: да, ќе протестира. Секоја промена, и кај децата и кај возрасните, носи протест. Но плачењето најчесто е помалку отколку што очекувате, и не трае цела ноќ ниту 15 дена.

Cry it outГо оставате детето само во собата. Неколку ноќи, со многу плачење.
Dr.GoodnightВие сте во собата и постепено го учите да заспива само, за околу 2 недели.
Без плачењеТрае со месеци
„Програмата ја креирав јас, но ја спроведувате вие. Верувајте му на процесот — и на вашето бебе.“
Сања Ѓорѓева, основач на Dr.Goodnight
  • Вие сте до детето

    Цело време сте во собата и реагирате на неговото протестирање. Не го оставате само.

  • Врската останува сигурна

    Протестот не значи дека детето се чувствува напуштено, ниту дека ќе ја нарушите врската меѓу вас. Истражувањата ги споделувам во програмата.

  • Помирно уште од првите ноќи

    Плачењето најчесто е помалку отколку што очекувате. Подобрување обично се чувствува уште првите 3 ноќи.

Искрено: ако очекувате тренинг без никакво плачење, мојата програма не е за вас. Ако ви треба јасен план чекор по чекор и сте спремни да бидете доследни, на вистинското место сте.

Чести прашања

Не сте сигурни кој пакет ви треба? Пишете ни и заедно ќе одлучиме.

Пишете ни →
Која е разликата меѓу трите пакети?

Сите три го имаат истиот индивидуален дневен ред и распоред и истите видео лекции. Разликата е во поддршката: Основната има едно прашање по меил, Стандардната и 2 онлајн разговори од по 30 мин., а во Премиум лично ве следам 15 дена преку телефон, меил и пораки.

Кога го добивам планот?

Откако ќе го одговорите прашалникот, индивидуалниот дневен ред и распоред ви стигнува на меил во рок од 24 – 48 часа. До видео лекциите имате пристап веднаш.

Колку долго имам пристап до видеата?

1 месец од денот на купувањето.

Можам ли подоцна да надоградам?

Да. Ако за време на тренингот ви треба повеќе поддршка, можете да доплатите за еднократна консултација или за повисок пакет.

Што ми треба за програмата?

Мобилен или лаптоп со интернет, и желба за проспани ноќи, решителност, посветеност и константност.

Изберете


Стандардна програма за спиење за бебиња од 5 до 23 месеци

Updated: September 30, 2026
Intermediate

Стандардната програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 23 месеци кои имаат потешкотии со спиењето. Оваа програма опфаќа: индивидуален дневен ред и распоред (кој ќе ви биде испратен во рок од 48 часа на меил, одкако ќе ја купите програмата и ќе го одговорите прашалникот), рутини за спиење, тренинг метода

Премиум програма за спиење за бебиња од 5 до 23 месеци

Updated: September 30, 2026
Intermediate

Премиум програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 23 месеци кои имаат потешкотии со спиењето и родители кои сакаат да имаат целосна поддршка од нашиот тим за време на целиот тренинг процес. Оваа програма опфаќа: индивидуален дневен ред и распоред (кој ќе ви биде испратен во рок од 48 часа

Основна програма за спиење за бебиња од 5 до 23 месеци

Updated: May 8, 2025
All Levels

Основната програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 23 месеци кои имаат потешкотии со спиењето.

Основна програма за спиење за бебиња од 0 до 4 месеци

Updated: December 10, 2023
All Levels

Ексклузивна програма за спиење за дете од 2 до 6 години

Updated: December 10, 2023
Intermediate

ЕКСКЛУЗИВНА ПРОГРАМА ЗА СПИЕЊЕ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА од 5 месеци до 6 години

Updated: November 20, 2023
Intermediate

Програма за идни родители и новороденчиња до 4 месеци

Updated: August 8, 2023
All Levels 1 hour

Вашето бебе/дете сеуште не ги преспива ноќите? Се буди често? Не знае да заспие само? Има кратки дремки? Ние ви го нудиме решението! Со помош на нашата индивидуална програма ќе ги вратите проспаните ноќи во вашето семејство за помалку од две недели.