Основна програма
Почетна сесија, анализа и целосно индивидуален план. Тренингот го спроведувате вие, а по потреба закажувате дополнителен разговор.
Дополнителни разговори по потреба: 1.000 ден. за 30 мин.
Секоја програма се заснова на нежната Dr.Goodnight метода и вклучува индивидуален план со дневен распоред, подготвен од Елеонора по детална анализа на вашиот прашалник. Разликата меѓу програмите е во нивото на поддршка што го добивате во текот на тренингот.

Почетна сесија, анализа и целосно индивидуален план. Тренингот го спроведувате вие, а по потреба закажувате дополнителен разговор.
Дополнителни разговори по потреба: 1.000 ден. за 30 мин.
Сè од Основната програма, плус Елеонора лично го следи и води процесот секој ден, од почеток до крај.
Секојдневна поддршка и прилагодување на планот се вклучени во цената.
Сакате стручно изработен индивидуален план и се чувствувате сигурни сами да го спроведете, со можност по потреба да закажете разговор.
Ви треба поголема сигурност и секојдневна поддршка: некој секој ден да го следи процесот и да го прилагодува планот според реакциите на детето.
Вашето бебе или дете сѐ уште не ги преспива ноќите? Се буди често, не знае да заспие само или има кратки дремки?
Јас сум Елеонора Алексиќ, сертифициран тренер за спиење, и ќе изработам индивидуална програма за спиење прилагодена на потребите на вашето дете и вашето семејство. Со неа ќе ги вратите проспаните ноќи за помалку од две недели.
Без разлика дали го успивате со доење, нишање, возење или лулање, со нашите методи детето учи да заспива само и да ја преспива ноќта. Методите се нежни: родителот е цело време покрај детето, сѐ додека не заспие.
Не е важно дали спиете во ист кревет, дали доите или делите соба. Нема да бараме да престанете со тоа ако не сакате, ниту ќе ве осудуваме. Планот, чекор по чекор, ги зема предвид вашата родителска филозофија, возраста, здравјето и карактерот на детето и динамиката во семејството.
Ако сметате дека ќе ви треба поголема сигурност и секојдневна поддршка низ целиот процес, разгледајте ја Ексклузивната програма.
Оваа програма е наменета за родители кои сакаат целосна и секојдневна поддршка низ целиот тренинг за подобрување на сонот на нивното дете.
Ексклузивната програма ги вклучува сите елементи од Основната индивидуална програма, со една клучна разлика: јас, Елеонора Алексиќ, лично го следам и водам процесот секој ден, од почеток до крај.
Покрај индивидуалниот план за спиење, добивате постојана комуникација, насоки, корекции и поддршка, прилагодени на реакциите и напредокот на вашето дете.
Ја ставате во кошничка и ја завршувате нарачката.
За спиењето, рутината и навиките на детето.
1,5 – 2 часа со Елеонора, онлајн или во канцеларија.
Со нежната метода, проспани ноќи за помалку од две недели.
Искрено: да, ќе протестира. Секоја промена, и кај децата и кај возрасните, носи протест. Но плачењето најчесто е помалку отколку што очекувате, и не трае цела ноќ ниту 15 дена.
Цело време сте во собата и реагирате на неговото протестирање. Не го оставате само.
Протестот не значи дека детето се чувствува напуштено, ниту дека ќе ја нарушите врската меѓу вас. Истражувањата ги споделуваме во програмата.
Плачењето најчесто е помалку отколку што очекувате. Подобрување обично се чувствува уште првите 3 ноќи.
Искрено: ако очекувате тренинг без никакво плачење, програмата не е за вас. Ако ви треба јасен план чекор по чекор и сте спремни да бидете доследни, на вистинското место сте.
Не сте сигурни која програма ви треба? Закажете консултација или пишете ни.
Консултација · 3.000 ден.Пишете ни →Двете имаат иста почетна сесија, анализа и индивидуален план. Во Основната програма тренингот го спроведувате сами, со можност за доплата на разговори (1.000 ден. за 30 мин.). Во Ексклузивната Елеонора секојдневно го следи процесот и го прилагодува планот, до крај.
Не. Нема да бараме од вас да престанете со тоа ако не сакате, ниту ќе ве осудуваме за вашите избори. Планот се прави според вашата родителска филозофија.
Да. Почетната сесија од 1,5 – 2 часа може да биде онлајн или во канцеларија.
За бебиња и деца од 5 месеци до 6 години. За помали бебиња препорачуваме консултација или предавањето од Сања.
Индивидуален дневен ред и распоред за вашето бебе, видео лекции и 2 онлајн разговори што ве водат чекор по чекор до проспани ноќи.
Индивидуален дневен ред и распоред за вашето бебе, видео лекции и 15 дена лична поддршка што ве водат чекор по чекор до проспани ноќи.
Индивидуален дневен ред и распоред за вашето бебе и мои видео лекции што ве водат чекор по чекор до проспани ноќи.
Вашето бебе/дете сеуште не ги преспива ноќите? Се буди често? Не знае да заспие само? Има кратки дремки? Ние ви го нудиме решението! Со помош на нашата индивидуална програма ќе ги вратите проспаните ноќи во вашето семејство за помалку од две недели.