Многу често слушаме како некои родители велат дека не можат да го успијат своето 4 годишно дете ниту во 23 часот, бидејќи детето често знае да се противи и да не заспива, но колку навистина здравиот ноќен сон е важен за детето и колку вие како родители треба да се трудите да го успивате вашето дете во време соодветно за нивната возраст?
Верувам дека ако вашето дете сака цел ден да јаде само благо и да се исхранува само со шеќери, нема да му дозволите, односно ќе инсистирате вашето дете да внесува здрава храна, истиот пристап треба да го имате и со спиењето, колку што е важна здравата храна, толку е важен и здравиот сон. Но многу често, родителите не ги согледуваат последиците од касното легнување на своите деца, и не превземаат ништо.
Без спиење нема живот! Спиењето е основна животна потреба која не треба да ја занемариме туку треба да и дадеме приоритет. Успивањето треба да биде помеѓу 20:00 и 21:00 часот, за да може детето да ги отспие потребните часа сон. Ако вашето дете заспива покасно вие го кратите ноќниот сон, односно ја кратите длабоката фаза на спиење т.н РЕМ фаза која е најважна за здрав раст и развој на телото и мозокот.
Колку се помали децата толку полесно се прават здрави навики на спиење. Направете ред кој е соодветен за возраста на вашето дете и придржувајте се до него. Вие како родители треба да го поставите времето на спиење, а не детето, исто како што вие како родители му приготвувате здрава и разновидна храна.
Дали знаете дека дури и на тинејџерите им се потребни минимум 10 часа ноќен сон.
Децата во претшколска или школска возраст треба да имаат 10 до 12 часа ноќен сон кој им е потребен за правилен и здрав раст и развој, за емоционална и физичка стабилност на детето, за концентрација, за добар имунитет итн. Недостаток на квалитетен сон влијае врз здравјето на детето, а последиците може да се одразат и подоцна во животот да се врз вашето дете.
Скратен ноќен сон ја намалува концентрацијата на детето, а истражувањата покажуваат дека децата со скратен ноќен сон имаат послаби резултати во училиште и се склони кон анксиозност и појава на депресија.
Покрај тоа кај детето може да има големи промени во расположението, преголема хипреактивност, раздразливост и намален фокус.
Подоцна во животот детето може да страда од депресија, анксиознот, несоница, заборавеност… Децата кои не спијат доволно имаат послаб имунитет и почесто се разболуваат за разлика од оние деца кои имаат здрав и квалитетен сон.
Прочитајте неколку совети како да го подобрите ноќниот сон на вашето дете:
-
- Ограничете го времето пред тв екраните и мобилните телефони, сината светлина го нарушува лачењето на хормонот мелатонин кој е важен за сонот. Минимум еден час пред спиење овозможете му тивка и мирна средина на детето без екрани.
- Овозможете му поголема физичка активност во текот на денот, секојденвни прошетки, игри, дневни активности кои ќе му помогнат на вапето дете да истражува, учи и да троши енергија.
- Внимавајте на хигиената на спиење, осигурете се температурата во собата да биде соодветна за спиење, душекот да биде квалитетен од материјали кои не потат, креветот да биде чист без играчки.
- Правете константа рутина која ќе го опушти детето пред спиење, како: читање книга, смирени активности пред спиење, смирувачка музика, топла бања и.т.н сето ова може да го олесни успивањето на детето.
- Ноќното успивање да биде во исто време секоја вечер, константноста е многу важна за регуирање на циркадниот ритам на вашето дете.
Бидете доследни и мајте трпение. Навиката не може да се промени преку ноќ, на повеќето деца им се потребни 2 до 5 недели за да прифатат нова навика, и да се навикнат на новиот редослед на спиење.
Направете приоритет од здравиот сон за вашето дете, не заборавајте дека наспани деца се здрави и среќни деца!