Често слушаме за различни методи за спиење кои ветуваат дека ќе го подобрат сонот на вашето дете. Денес ќе ги разгледаме трите најпознати методи: CIO (“Cry It Out”), Ferber и Gentle Sleep Coaching, за да разберете кој метод најмногу одговара на вашето семејство.
Овој метод е познат и како “да го оставите бебето да плаче”. Идејата е да го ставите бебето во креветчето и да му дозволите само да заспие, без утеха или интервенција, не влегувате во собата се додека детето не заспие.
Методот Ferber, или контролирано плачење, е сличен на CIO, но со одредени временски интервали за интервенција. Родителите влегуваат во собата на одредени интервали за да го потсмират бебето и постепено го зголемуваат временскиот интервал пред да го смират бебето.
Gentle Sleep Coaching е метод кој е базиран на научни истражувања, метод кој е признат од приврзаниците на Attachment Theory и ги става и бебето и семејството во центарот на процесот. Во Dr.Goodnight секогаш работиме со методите со нежен пристап. На тој начин, родителот постојано реагира на негодувањето и плачењето на бебето, нудејќи му вербална и физичка поддршка, а притоа го насочува и му помага во процесот на самостојно успивање, што е од клучна важност за да се зачува довербата и блиската врска помеѓу детето и родителот. Со овој пристап, детето постепено учи самостојно заспивање без негативни последици и без создавање на стравови.
Секое семејство е уникатно, а истото важи и за секое бебе. Додека некои родители се чувствуваат удобно со методот Ferber, други можат да најдат поголем успех и емоционален мир со понежен метод.
Доколку не сте сигурни кој метод е најдобар за вас, јас сум тука да ви помогнам. Закажете консултација и заедно ќе најдеме решение кое најмногу одговара на вашето семејство.
❤️ “Споделете го овој пост со вашите пријатели, помогнете да го вратиме сонот во што е можно повеќе фамилии. Имајте слатки и проспани ноќи! Вашиот Dr.Goodnight”