Регресија во спиењето претставува привремена фаза кога кај бебињата или малите деца се нарушуваат секојдневните рутини на спиење – почесто се будат навечер и имаат пократки дремки. Овие промени обично се поврзани со развојни фази, зголемена свесност и физички раст.
Клучни возрасти и карактеристики:
Регресиите во спиење често се совпаѓаат со развојни фази и имаат тенденција да се појавуваат на предвидливи возрасти. На пример, регресијата во спиење кај бебе од 1 месец може да биде поврзана со прилагодување на животот надвор од утробата. До 2 месеци, бебињата може да доживеат нарушени рутини на спиење, особено околу 8 недели, често поради преголема стимулација. Околу 6 до 10 недели, додека се прилагодуваат на подолги периоди на сон, може да се јават кратки регресии, а и регресијата кај бебе од 11 недели покажува слични знаци. Кај 5 месеци, знаците на регресија обично стануваат поизразени, со често будење навечер и потешкотии при смирување помеѓу циклусите на спиење. Тие можат да го отежнат и тренингот за спиење.
0–3 месеци: Често будење поради хранење и развој на циркаден ритам.
4 месеци: Развивање на циклуси на спиење (слични циклуси како кај возрасен човек); будење на секои 3–4 часа е вообичаено.
6–9 месеци: Моторни развојни вештини, растење заби и анксиозност од разделување.
12–18 месеци: Премин кон една дремка и зголемена независност.
2–3 години: Отпор кон легнување и одбивање на дремките.
4–6 години: Нарушувања во спиењето поради емоционален развој или животни промени како започнување училиште.
Знаци на регресија во спиењето:
Ако вашето бебе почне да одбива дневни дремки или се буди почесто навечер, можно е да поминува низ регресија во спиењето.
Како да се справите со регресијата во спиењето:
Останете доследни со рутините, прилагодете го распоредот на дремките и охрабрете го детето да научи стратегии на самосмирување. Понудете нежна утеха, но избегнувајте создавање нови асоцијации за спиење. Прилагодувањето на прозорите на будност во текот на денот може да помогне да се избегне премор и да се овозможи полесно враќање кон стабилен сон. Подетално за ова ќе прочитате на крајот на овој блог.
„Регресиите во спиењето можат да бидат исцрпувачки, но се привремени. Со трпеливост, структура и охрабрување, можете да му помогнете на вашето бебе – и на самите себе – да ја надминете оваа фаза.“
Зошто се случуваат регресии во спиењето?
Според педијатарот и експерт за детски развој, д-р Тери Бразелтон, регресиите во спиењето се нормална фаза на „дезорганизација“ во телото и мозокот на бебето, која се јавува непосредно пред или за време на возбудлив развоен напредок.
Можете да го замислите вака: учењето како да седне, да стои, или да погледне предмет и да знае како се вика – тоа се толку сложени задачи, што телото и мозокот на вашето бебе не можат истовремено да се справуваат со сите свои „работни обврски“. Спиењето, јадењето, па дури и расположението излегуваат од колосек! Но кога новата вештина ќе стане позната и стабилна, вашето бебе ќе може повторно да ги координира сите овие функции и сонот ќе се стабилизира.
Колку долго трае регресијата во спиењето?
Регресиите во спиењето обично траат помеѓу 2 до 6 недели. Добрата вест е дека најголемиот дел од бебињата не ја доживуваат секоја регресија што може да се појави од раѓање до 3-годишна возраст. Некои развојни фази се повозбудливи и потешки за одредено бебе, додека други поминуваат полесно.
Кои се типичните возрасти кога се јавуваат регресиите?
Регресиите не се случуваат на точно определени возрасти, но се јавуваат тогаш кога кај бебињата настануваат значајни развојни промени. Овие „скокови во развој“ – како што ги нарекува методологијата Wonder Weeks – обично се случуваат околу специфични возрасти.
Сепак, вашето дете може да ги доживее овие фази порано или подоцна од другите бебиња на иста возраст, бидејќи секое дете се развива во сопствено темпо.
2 месеци
На возраст од 2 месеци, многу родители забележуваат промени во спиењето на нивното бебе – пократки дремки, зголемена раздразливост преку ден и почести будења навечер. Ако вашето некогаш поспано новороденче одеднаш почнува да се бори со спиењето, многу веројатно е дека се соочувате со регресијата во спиење на 2 месеци.
3 месеци
На 3 месеци, вашето бебе почнува да развива поредовен и предвидлив ред на спиење, но будењата навечер и кратките дремки сè уште се вообичаени.
Клучот е нежно да го водите бебето кон подолги интервали на сон, преку доследна рутина и внимателно следење на знаците кога е поспано.
Некои бебиња можат да доживеат и регресија во спиењето на 3 месеци.
4 месеци
Иако не секое бебе ќе ја искуси секоја регресија, најголемиот дел од семејствата се соочуваат со чести будења навечер помеѓу 4-тиот и 5-тиот месец од животот на бебето. Во овој развоен период, бебето започнува да се доживува себеси како одвоено од другите – дури и од вас!
Воедно, нивниот циклус на спиење започнува да се менува, при што се прави поголема разлика помеѓу нивниот лесен и длабок сон.
Без да навлегуваме премногу во научниот аспект на спиењето – вашето бебе спие во циклуси од 45–50 минути. Дури и бебиња кои дотогаш добро спиеле, може одеднаш да имаат потешкотии при премин од лесен во длабок или од длабок во лесен сон, поради што често се будат. Во 4 месечната регресија во спиењето, будењата навечер се многу чести, и можеби ќе се најдете како го држите, нишкате или тешите бебето повеќе од вообичаено за да се смири и повторно заспие.
5 месеци
На 5 месеци, вашето бебе станува сè поактивно, љубопитно и вклучено во околината. Но токму кога помисливте дека спиењето почнува да се подобрува, одеднаш бебето повторно почнува почесто да се буди навечер, да одбива дремки или има потешкотии при заспивање. Ако ова ви звучи познато, многу веројатно се соочувате со регресија во спиењето на 5 месеци.
6 месеци
На возраст од 6 месеци, бебето веќе има способност да спие подолго навечер и да има поредовни дремки преку ден, но регресијата на 6 месеци, растењето на заби и новите развојни достигнувања сè уште можат да го нарушат сонот. Доследноста е клучна – практикувајте вечерна рутина која го смирува вашето бебе и почнете со вештини за самостојно заспивање за полесно смирување и заспивање на вашето бебе.
7 месеци
Регресијата во спиењето на 7 месеци, која обично се појавува меѓу 6-тиот и 7-миот месец, е фаза низ која минуваат најголем дел од бебињата на еден или друг начин. Во овој период бебињата прават значителни и возбудливи развојни скокови. Многу бебиња на 6–7 месеци учат самостојно да седат, а некои почнуваат да се влечкаат или лазат со стомакот (војничко ползење). Воедно, се случуваат и промени во нивните навики за јадење – започнувате со воведување цврста храна, и бебето почнува да го користи својот пинцетен фат (движење со палец и показалец) за да земе храна и да се храни само.
8 месеци
Регресијата во спиење на 8 месеци е нормална и привремена фаза во развојот на сонот на вашето бебе. Слично и како регресијата на 4 месеци и оваа може да биде исцрпувачка, особено ако вашето бебе дотогаш добро спиело, но не грижете се – оваа фаза нема да трае вечно. Ова е многу возбудлив период во развојот на вашето бебе, и додека промените можат привремено да го нарушат сонот, со трпеливост и доследност, бебето повторно ќе се врати во поуреден ритам на спиење.
9 месеци
Слично како и кај 6–7 месеци, регресијата на 8 до 9 месеци се должи на голем напредок во развојот на мозокот. Вашето бебе можеби започнува да лази, се влечка, па дури и да застанува во стоечка положба. Многу бебиња на оваа возраст имаат тешкотии при дремките и ноќе, бидејќи вежбаат да се исправат во креветчето – но не знаат како да се спуштат назад.
Покрај тоа, бебето почнува да ги категоризира предметите, што е прв чекор во учењето на јазик. На пример, почнува да разбира дека нешто е топка, без разлика на бојата или големината. Сето ова е многу возбудливо и може да ја наруши способноста за смирување и спиење, дури и кај најмирните бебиња – и навечер, и за време на дремките спиењето може да се претвори во борба.
11 месеци
Токму кога помисливте дека спиењето конечно се стабилизира, вашето 11-месечно бебе одеднаш почнува да се буди навечер, да се бори со легнувањето или да ги одбива дремките. Звучи познато? Не сте единствени! Нарушувањата во спиењето на оваа возраст можат да бидат фрустрирачки, но добрата вест е дека се привремени.
12 месеци
Околу првиот роденден, бебињата стекнуваат сè повеќе нови вештини. Јазикот кој до пред неколку месеци беше само звук или концепт, сега почнува да биде разбирлив за возрасните околу нив.
Можеби веќе велат „мама“ и „тато“ – иако не секогаш за вистинската личност – и можат да изговорат уште еден или два збора. Скоро ќе можат и да проодат, а веќе вежбаат така што се влечат по мебелот или ве држат за рака и прават неколку чекори.
Што има ова врска со спиењето? – Вашето бебе може да се буди порано од дремките, па дури и да ги одбива целосно. Бебиња кои претходно спиеле мирно цела ноќ, може одново да се будат често, со други зборови не сакаат да губат време во спиење, се што сакаат е да ја вежбаат новата вештина.
15 месеци
Околу 15-тиот месец, бебињата обично се соочуваат со две големи промени:
Децата на оваа возраст изгледаат како постојано да се во движење, додека вежбаат одење (и паѓање) насекаде! Некои се толку фокусирани на оваа нова вештина, што тешко се смируваат за да заспијат. Преодот од две кон една дремка во денот може да биде турбулентен. Помалку дневен сон може да доведе до премор навечер, што го отежнува заспивањето, а преморот може да предизвика и повеќе будења навечер.
18 месеци
Вашето дете конечно премина од две на една дремка – и мислевте дека завршивте со регресиите. Но кај регресијата на 18 месеци, одеднаш повторно може да почне да се буди во текот на ноќта со плачење, без очигледна причина. Па дури и повторно се борите со дневната дремка, која до неодамна беше рутина.
Околу оваа возраст, кај децата значително почнува да се развива говорот и стануваат сè поавтономни во играта, движењето и исхраната. Оваа зголемена независност носи и зголемена волја, па можете да забележите изливи на бес (тантруми) – и преку ден, и при легнување.
Малите деца (обично од 18 месеци па нагоре) почнуваат да разбираат дека имаат слобода да одлучуваат – на пример, дали ќе легнат, дали ќе се дремнат, дали ќе кажат „да“ или „не“.
Со ова нивно ново сознание, многу деца почнуваат да „тестираат“ колку моќ има нивниот избор, особено кога станува збор за легнување и дневни дремки.
На пример, иако се уморни, можат намерно да одбиваат да легнат, само затоа што сфаќаат дека можат да кажат „не“ и да предизвикаат реакција кај родителите.
Па така: Детето не одбива да спие затоа што не му се спие, туку затоа што сфаќа дека тоа е нешто што може само да одлучи – и сака да ја испроба својата „моќ на одлука“. Ова е дел од нормален психолошки развој на самостојност и волја.
20 месеци
Регресијата на 20 месеци доаѓа со цел пакет:
Ако вашето дете од 20 месеци одеднаш одбива да спие – не сте сами. Иако оваа фаза може да биде напорна, со доследност и неколку едноставни прилагодувања, можете да му помогнете повторно да се врати на добар сон.
2 години
Добредојдовте во 2 годишната регресија на спиење!
Вашето дете сега го усовршува говорот и експериментира со нови зборови и фрази – вклучително и омиленото: „НЕ!“
Во овој развоен период учи и за последици и за причинско-последични врски.
На пример: „Што се случува кога тато ќе ми каже да седнам на столица, а јас ќе викнам ‘Не!’?“
Децата на оваа возраст веќе знаат дека имаат избор, и многу родители забележуваат дека детето почнува да експериментира со моќта на тој избор токму при дремка и легнување.
Можеби познатата фраза „ужасните две години“ всушност се поврзани со регресијата во спиењето на 2 години!
3 години
Кога децата ја надминуваат фазата на малечко дете (toddler), некои од нив може да доживеат последна регресија во спиењето. Светот на тригодишното дете станува сè поголем, па може да се појават стравови, кои се особено изразени навечер. Лоши соништа, барања да се провери плакарот и инсистирање некој да остане со нив додека заспиваат се многу чести на оваа возраст.
Околу 3 години е и период кога многу семејства започнуваат со одвикнување од пелени. Овој премин – особено откажувањето од пелени навечер – е голем развоен чекор, бидејќи детето почнува да станува свесно кога има потреба да оди во тоалет, што може да го наруши ноќниот сон.
4 години
На 4 години, многу родители мислат дека проблемите со спиењето останале зад нив. Но ако вашето дете кое претходно спиеше без проблеми почне да се бори со легнувањето, често се буди или одеднаш се плаши да спие само – не сте сами.
Регресијата во спиењето на 4 години е вистински предизвик – но со доследност и нежност, можете да му помогнете повторно да се врати на квалитетен сон.
Колку се интензивни регресиите во спиењето?
Најтешки регресии во спиењето:
Регресијата на 4 месеци многу родители ја сметаат за најтешка.
Во овој период, бебето прави преод кон позрели циклуси на спиење, што често резултира со:
Покрај неа, исто така значајни и интензивни можат да бидат регресиите на:
кои често се совпаѓаат со развојни пресврти како:
Како да се справите со регресиите во спиењето
Регресиите во спиењето можат да бидат многу напорни и исцрпувачки, но со доследност и мали прилагодувања, можете да му помогнете на вашето дете – и на себе – полесно да поминете низ оваа привремена фаза.
Клучни стратегии:
Како да ги разликувате регресиите во спиењето од други проблеми
Регресиите во спиењето може да личат и на други состојби, како што се растење заби или болест, но препознавањето на точната причина за нарушеното спиење е клучно за да му помогнете на вашето дете на соодветен начин.
Регресија во спиењето
Растење заби
Нарушувањата во спиењето се појавуваат заедно со симптоми како:
Се ублажува со соодветни средства за намалување на болка.
Болест
Се јавува со симптоми како:
Сонот се нормализира по закрепнување на бебето.
Што треба да правите:
Следете ги промените во спиењето.
Ако нарушувањата траат подолго од 6 недели или се појавуваат невообичаени симптоми, консултирајте се со педијатар за понатамошна проценка и помош.
Регресиите во спиењето се неизбежен, но привремен дел од развојот на секое дете. Иако може да бидат исцрпувачки за родителите, тие всушност се знак дека бебето напредува и учи нови вештини. Со трпеливост, доследна рутина и соодветна поддршка, повеќето деца повторно се враќаат на мирен и структуриран сон.
Доколку се сомневате дека вашето бебе поминува низ регресија, запомнете – не сте сами.
Во Dr.Goodnight сме тука да ви помогнеме со индивидуални совети, поддршка и програми кои се прилагодени на секоја возраст и фаза.
За повеќе информации или лична консултација, контактирајте нè.
А ако сакате да дознаете повеќе за регресиите по возрасти, погледнете ги и останатите текстови на блогот.
Имајте слатки и проспани ноќи! – Вашиот Dr.Goodnight 🌙
Your information will never be shared with any third party