За сите вие кои барате одговор на прашањето “Каков распоред на спиење треба да има едно новороденче?”, одговорот е едноставен: Не постои “нормален” распоред на спиење кај новороденчињата. Веројатно ова не е одговорот кој го очекувавте, но ќе ви помогне да дознаете што се случува со спиењето на вашето бебе во првите три месеци и што треба да очекувате.
Бебињата се раѓаат само со 25% развиен мозок (зборуваме за навреме родени бебиња 40-42 недела). Бебињата во првите три месеци ќе спијат многу, околу 14-17 часа во 24часовен период. Нивниот сон е наменет за здрав развој на мозокот. Запаметете дека светот е нов за нив, од раѓање учат, а за тоа е потребно добар сон и добар развој на мозокот.
Во првите 12 недели, најголем дел од новороденчињата имаат кратки циклуси на спиење, и кратко време се будни, како преку ден така и навечер. Некои новороденчиња можат да сврзат повеќе часа навечер, но можеби вашето бебе сеуште се буди на кратки циклуси, на 40/50/60 мин, и тоа е сосема во ред, потребно му е повеќе време за да се развие сонот и можноста за сврзување на повеќе часа. Толку мали бебиња се будат поради одредена потреба. Се будат затоа што им е топло, ладно, за глад, ако се болни или само поради блискост и сигурност.
Од самото раѓање нема посебен ред и редослед по кој треба да се раководите, но како се доближувате до 6тиот месец, ќе приметите дека спиењето ќе се подобри. Кога вашето новороденче се буди, одговорете веднаш на неговата потреба, така ке се смири побрзо.
На многу мали бебиња им требаат родителите за да се гушкаат, да ги смират и да ги утешат кога тоа им е потребно. Во овој момент од нивниот развој, не можат сами да ги направат тоа. Можеби ќе треба да им помогнете да создадете топло и пријатно чувство кое го имале додека биле во матката, за да се чувствуваат сигурно и да заспијат полесно. Искористете го ова време за да се поврзете со вашето бебе за да може подобро да расте и да напредува. Опуштете се знаејќи дека на оваа возраст нема да го научите вашето бебе на “лоши навики” на заспивање, дури и да заспива со ваша помош.
Внатрешниот часовник на вашето новороденче (нивниот циркаден ритам) не е развиен до 3-4 месеци. Како резултат на тоа, може да се случи, вашето бебе да сврзува повеќе саати на сон во текот на денот, а да биде будно подолго во текот на ноќта. Ова е затоа што новороденчињата во целост не го лачат хоромонт за спиење, мелатонин, кој има за задача да не направи уморни и го регулира нашиот внатрешен часовник. Лачењето на мелатонин во мозокот се зголемува со темнина, а се намалува со светлина. Ќе им помогнете на вашите малечки да го регулираат внатрешниот часовник со тоа што во текот на денот ќе ги изложувате на светлина и звуци. Доколку е потребно, разбудете го вашето бебе во текот на денот. Овозможете им дневни дремки за да спречите премореност – на новороденче му се потребни 14-17 часа сон, дел од тие саатижж треба да ги преспие во текот на денот. Во текот на ноќта, затемнете ја собата за спиење и бидете тивки, интеракцијата со бебето да биде кратка и “досадна”. Не ја менувајте пелената без потреба, а кога ќе треба да ја промените, или кога ќе треба да го надоите вашето бебе, направете го тоа брзо, со пригушена светлина, без зборување. Обидете се да направите ноќна атмосфера која ќе биде “досадна” и невозбудлива за вашето бебе.
Вашето новороденче има мало стомаче кое може да собере од 70 до 140 грама на еден оборк. Во првите месеци ќе има потреба да се храни почесто, на секои 2 до 3 часа, а тоа значи дека вие или вашиот партнер толку често ќе се будите навечер, а некои и почесто. Искуството во првите месеци ќе ви даде јасно значење на фразата “будни цела ноќ”.
Во првите неколку месеци ќе сфатите дека вашето бебе е непредвидливо, а со тоа и редот и рутините ќе бидат непредвидливи. Иако ќе прочитате на интернет, или некој ќе ви сугерира да го зголемите времето на подој/дохрана на вашето бебе, да воведете дохрана пред спиење, да почнете со воведување на житна каша пред спиење, се со цел да спие подолго во текот на ноќта, не правете го тоа, не постои ниту еден доказ кој го потврдува тоа, таквите тврдења се базирани без докази! Нема да се подобри спиењето, напротив, може да се отежни.
Како и да е, јас ве уверувам дека не предвидливиот ред на вашето новороденче е фаза, и е сосема нормално. Околу 3тиот месец, спиењето на вашето бебе ќе почне да добива свој ред (се до скокот во развој кој се случува на 4 месеци, и може да трае до 6 недели) Околу 6 месеци, не само што вашето малечко ќе биде спремно за дефиниран ред и редослед, туку и ќе му биде потребно и ќе ви биде благодарно за тоа.
Пробајте да го здржите смисолот за хумор, бидејќи од умор ќе почнете да заборавате и да правите работи за кои воопшто нема да сте свесни, и воопшто да не ве загрижува тоа, нормално е, сите сме поминале низ тој период.
Во меѓувреме, ослободете се од притисокот и од мислата дека ќе му створите лоша навика на вашето бебе, искористете го времето дома со вашето малечко, гушкајте се, уживајте заедно и спијте кога и да можете.
Доколку сакате да дознаете повеќе за спиењето на новороденчињата, кликнете тука и преслушајте го нашето интервју во кое зборуваме токму на оваа тема.
Направете приоритет од здравиот сон за вашето дете, не заборавајте дека наспани деца се здрави и среќни деца!
Your information will never be shared with any third party