Стандардната програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 23 месеци кои имаат потешкотии со спиењето.
Оваа програма опфаќа: индивидуален дневен ред и распоред (кој ќе ви биде испратен во рок од 48 часа на меил, одкако ќе ја купите програмата и ќе го одговорите прашалникот), рутини за спиење, тренинг метода за учење за самостојно успивање и презаспивање во текот на ноќта, одвикнување/намалување од ноќни подои или ноќна дохрана, решавање на проблемот со рани утрински будења како и методи за продолжување на кратките дремки.
Покрај индивидуалниот дневен ред и распоред, веднаш ќе добиете пристап до снимени видео материјали од Сања Ѓорѓева, во кои детално се објаснети методите и техниките кои треба да ги применувате за да дојдете до проспани ноќи.
До видео програмите ќе имате пристап од 1 месец, почнувајќи од денот на купување на програмата. Дополнително можете да ни испратите еден меил или порака со ваше прашање во врска со спиењето и процесот на тренингот, како и да закажете 1 онлајн разговори, од 45 минути кој можете да ги искористите во рок од еден месец почнувајќи од датумот на купување на програмата.
Доколку ви е потребна дополнителна поддршка од нашиот тим за време на целиот тренинг процес, може да го дополните вашиот пакет со доплата за индивидуална еднократна консултација или доплата за премиум програма за спиење.