• Home
  • Приказната на Ивана и 14-месечниот Војдан

Приказната на Ивана и 14-месечниот Војдан

Приказната на Ивана и 14-месечниот Војдан

Повеќекратното будење на Војдан во текот на ноќта се претвори во континуиран, длабок и мирен сон и поголема среќа за него и неговото семејство. Нашата индивидуална програма проследена со постојани совети, во конбинација со неуморните вложувања на неговата мајка Ивана доведоа до значително подобрување во квалитетот на сонот, а со тоа и смиреноста на Војдан.

Прочитајте ја приказната на Ивана и нејзиното 14-месечно бебе Војдан:
Уште во првите неколку месеци по раѓањето, Ивана започна да воочува дека нејзиното бебе Војдан почнува да се бори со својот сон. Откако по подогли обиди Војдан ќе успее да заспие, започнува немирното спиење и превртување во текот на ноќта, за тој да се разбуди по само 30-40 минути, барајќи начини повторно да заспие. Најчесто, се случуваше Војдан да заспие исклучиво со нишкање, а потоа, настапуваше одново истиот проблем.
И покрај многубројните обиди на Ивана, Војдан не успеваше да спие континуирано повеќе од неколку часа без да се разбуди и да му треба помош за повторно да заспие. За Ивана стануваше сè потешко. Таа постојано беше ненаспана, уморна и исцрпена, а и нејзиното здравје стануваше засегнато. Така, таа почувствуваа дека е време да направи промена и да побара помош за нејзиниот проблем.

Откако ни се обрати нам и ни го раскажа нејзиниот проблем, на Ивана ѝ беше презентирана нашата програма која вклучуваше неколку индивидуални програми и тренинзи кои беа наменети да се содаде рутина во спиењето на Војдан, за тој да може мирно да ги преспива ноќите без будење. Започнувањето на применување на практики и следењето на нашите совети на почетокот беше тешка задача за Ивана, но по само неколку дена од почетокот на тренинзите, таа веќе ја почувствува разликата и успеа да ги види првите знаци кои водеа до подобрување во спиењето на Војдан. Програмата започна со длабинска проценка на навиките и рутините за спиење на Војдан, земајќи ги предвид возраста, карактерот и неговата фаза на развој.

Започнавме со вообичаена рутина пред спиење, мирна музика, бањање и масажа, хранење и време за приказна, за потоа да додадеме техники со кои полесно ќе може самостојно да заспие. Со помош на програмата, Ивана создаде смирувачка рутина пред спиење за Војдан, а рутината му дозволи да ги поврзе сите вечерни активности со спиењето, сигнализирајќи му на неговото тело дека е време да се смири. Конзистентниот распоред за спиење и доследноста одиграа клучна улога во регулирањето на внатрешниот часовник на Војдан. Тој за кратко време почна да заспива самостојно. Ивана научи да прави разлика помеѓу вистинските потреби на Војдан и обичниот немир во текот на ноќта. Како што изминуваа тренинзите, Ивана го забележа огромниот напредок
што го постигна Војдан. Тој веќе заспиваше целсно сам и спиеше многу подолго во текот на ноќта. Неговиот подобрен сон се претвори во посреќно, повесело бебе во текот на денот, а Ивана забележа дека побрзо достигнува важни развојни пресвртници.

Од друга страна, Ивана беше добро одморена и имаше повеќе енергија целосно да се вклучи во улогата на посветена мајка. Новооткриената способност на Војдан да спие мирно ја зајакна и врската помеѓу мајката и детето. Како што одминуваше времето, Ивана продолжи да ги следи принципите на нашата програма, приспособувајќи ги како што Војдан растеше и неговите потреби за сон се менуваа. Не само што го трансформираше сонот на Војдан, нашата програма ѝ даде на Ивана знаење за да му обезбеди на својот син
мирни ноќи и слатки соништа во годините што доаѓаат.

„Dr.Goodnight за мене е животно откритие! Сања буквално нѐ спаси од нервен слом! Кога ќе се присетам, мислам дека полошо дете во неспиење од моето не може да постои...

По 4-тиот месец почна постепено сè почесто да се буди ноќе за на 6 месеца веќе и воопшто да не спие. Се будеше на 30-40 минути во текот на целата ноќ, а презаспиваше mсамо во раце и со нишкање кое траеше барем 15 минути, па замислете каков хорор беше тоа. Постојано плачеше, не сакаше да спие во креветче, а тоа траеше сè додека не дојдовме до раб на нерви и сила и тогаш дознавме за Сања. Изненадувачки, уште првите неколку ноќи настапи подобрување, строго се држевме до сите нејзини совети и по кратко време нашиот син почна да спие цела ноќ. Неверојатно!
Бескрајно сме благодарни на Сања и повторно ќе ја побараме кога ќе имаме друго дете.“

Ивана, мајка на Војдан