Dr.Goodnight
лидер во областа на спиењето

Во нашиот центар преку комбинација на стручно знаење,
истражување и искуство изработивме иновативни програми и решенија за подобрување на сонот. . Со Dr.Goodnight, ноќите стануваат магично патување кон подобро здравје и благосостојба за целото семејство.

Задоволни клиенти

Што кажаа нашите клиенти за Dr.GoodNight

Сања, со тебе никој веќе нема да има потешкотии, се радувам на второ дете само ради тоа што го решивме проблемот со спиење на Тео!

Бојана

Бојана

Мајка на Тео

Ви благодарам, нема ништо поубаво од тоа детето да ти стане наспано, насмеано и расположено. Ве препорачувам на сите со мали бебиња, бидејки стварно ни помогнавте!

Моника

Моника

Мајка на Тео

Благодарение на вашите консултативни совети, нашиот 19 месечен неспијач, спие цела ноќ без будење веќе 5 месеци. Ви благодариме од срце!

Катерина

Катерина

Мајка на Војдан

Со програмите на Dr.Goodnight, преку проспани ноќи до среќни денови!

Драги родители,
Јас сум Сања Ѓорѓева, основач на Dr.Goodnight, првиот специјализиран центар за здрав сон кај бебиња и деца, екперт и сертифициран тренер за спиење и магистрант по јавно здравје, со научен фокус на спиењето кај мајки и мали деца.
Како родител на три прекрасни деца, свесна сум за потребата и значењето на квалитетниот сон за целото семејство. Квалитетен сон значи здрави навики на спиење и мирни ноќи кои ќе донесат подобар раст и развој, подобар имунитет, подобра концентрација и подобро расположение за целата фамилија.
Но, покрај тоа што сум родител, јас повеќе од десет години се занимавам со науката за сонот, а речиси десет години активно работам со семејства на воспоставување здрави и одржливи навики за спиење.
Мојата професионална приказна започна со основањето на I Dream Concept, компанија која се занимава со истражување и развој на решенија поврзани со квалитетот на сонот. Подоцна, по личното искуство со моето прво дете и по темелна едукација според програмата на Kim West (The Sleep Lady), ја основав Dr.Goodnight во 2016 година со јасна мисија: да воведам стручен, нежен и научно заснован пристап кон детскиот сон во нашиот регион.
Денес, покрај практичната работа со илјадници семејства од Македонија, Србија и Австрија, јас сум и активно вклучена во академска и научна работа. Во моментов сум на мастер студии по јавно здравје, каде што мојот истражувачки фокус е квалитетот на сонот кај мајки и мали деца, а работам и на научни трудови на оваа тема за меѓународни списанија од областа на спиењето и јавното здравје.
Мојот пристап кон сонот не е „брз трик“, ниту шаблонско решение. Тој се темели на научни принципи, развојна психологија, безбедна приврзаност и нежни методи кои го почитуваат детето и семејството.
Никогаш нема да ве терам да правите нешто што не е во склад со вашите вредности.
Никогаш нема да ви кажам дека „мора“ да престанете да доите, да спиете заедно или да го носите детето во раце, освен ако вие самите не сакате промена.
Мојата работа е да ви помогнам да разберете што му се случува на вашето дете, да добиете јасен, логичен и одржлив план и да дојдете до мирни ноќи без плачење и без трауми.
Dr.Goodnight денес не е само јас. Тоа е систем, методологија и тим на едуцирани тренери кои работат под мој надзор и според исти стандарди. Но, зад сето тоа стои една иста мисија:
Да им помогнеме на семејствата да си го вратат сонот, здравјето и мирот во домот.


Ако сте тука затоа што сте уморни, исцрпени или загрижени, сакам да знаете дека има решение. И дека не мора да поминувате низ ова сами.
Со почит,
Сања Ѓорѓева

Со програмите на Dr.Goodnight, преку проспани ноќи до среќни денови!

Елеонора Алексиќ е дипломиран семеен едукатор и сертифициран Dr.Goodnight тренер за спиење за бебиња и деца до 6-годишна возраст. Обучена е според нежниот и поддржувачки метод на Dr.Goodnight, кој се базира на научни истражувања, развојна психологија и безбедна детска приврзаност.
Како мајка, Елеонора од лично искуство ја разбира важноста на квалитетниот сон и влијанието што тој го има врз растот, развојот и благосостојбата на целото семејство. Нејзиниот професионален пат како тренер за спиење произлегува токму од позитивните промени што ги доживеала во сопственото семејство по воспоставување здрави навики за спиење.
Под менторство на Сања Ѓорѓева, основач на Dr.Goodnight, Елеонора помина интензивна и сеопфатна едукација, стекнувајќи знаење и практични вештини за работа со различни семејства, возрасти и предизвици поврзани со спиењето.
Нејзината мисија е да им биде поддршка на родителите, да помогне во создавање мирни ноќи, лесно заспивање и здрав развој на децата, со многу емпатија, индивидуален пристап и почит кон потребите на секое семејство.

СЕРТИФИКАЦИЈА

Сертификатите и обуките на Dr.Goodnight не само што го гарантираат нашиот квалитет, туку и го обезбедуваат вашиот мирен и спокоен сон.

Запознајте го тимот на Dr.Goodnight

Сања

Сертифициран тренер за спиење

Елеонора

сертифициран Dr.Goodnight тренер за спиење

SOLD OUT – Стандардна програма за спиење за бебиња од 5 до 23 месеци

Updated: February 9, 2026
Intermediate

Стандардната програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 23 месеци кои имаат потешкотии со спиењето. Оваа програма опфаќа: индивидуален дневен ред и распоред (кој ќе ви биде испратен во рок од 48 часа на меил, одкако ќе ја купите програмата и ќе го одговорите прашалникот), рутини за спиење, тренинг метода

Fully Booked

SOLD OUT – Премиум програма за спиење за бебиња од 5 до 23 месеци

Updated: February 9, 2026
Intermediate

Премиум програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 23 месеци кои имаат потешкотии со спиењето и родители кои сакаат да имаат целосна поддршка од нашиот тим за време на целиот тренинг процес. Оваа програма опфаќа: индивидуален дневен ред и распоред (кој ќе ви биде испратен во рок од 48 часа

Fully Booked

Основна програма за спиење за бебиња од 5 до 23 месеци

Updated: May 8, 2025
All Levels

Основната програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 23 месеци кои имаат потешкотии со спиењето.

Основна програма за спиење за бебиња од 0 до 4 месеци

Updated: December 10, 2023
All Levels

Ексклузивна програма за спиење за дете од 2 до 6 години

Updated: December 10, 2023
Intermediate

ЕКСКЛУЗИВНА ПРОГРАМА ЗА СПИЕЊЕ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА од 5 месеци до 6 години

Updated: November 20, 2023
Intermediate

Програма за идни родители и новороденчиња до 4 месеци

Updated: August 8, 2023
All Levels 1 hour

Вашето бебе/дете сеуште не ги преспива ноќите? Се буди често? Не знае да заспие само? Има кратки дремки? Ние ви го нудиме решението! Со помош на нашата индивидуална програма ќе ги вратите проспаните ноќи во вашето семејство за помалку од две недели.