• Home
  • Водич за купување

Водич за купување

Услови и правила за купување

Цените на сите програми на www.drgoodnight.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
Доктор Гуднајт го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако купувањето на програмата е извршено. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на купувањето, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

Креирање на налог

За да Ви биде овозможено купување на програма на нашата веб страница, потребно е да бидете регистриран корисник. За да направите купување, најпрво треба да кликнете на копчето Најава/Регистрација во горниот десен агол. Потоа може да се најавите на Вашата сметка или доколку немате веќе постоечка сметка тоа може да го направите со кликање на копчето Продолжи и да ги следите инструкциите. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е да кликнете на Регистрација, а потоа Ви се отвараат полиња каде што е потребно да ги внесете Вашите лични податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на Регистрирај се и на Вашиот е-мејл ќе Ви пристигне линк кој е потребно да го кликнете, со што Вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

*Напомена: Ве молиме проверете ги Вашите внесени лични податоци.

Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секој следен пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил.

Избор на програма

На почетната страница поставено е главно мени каде може да се избере разгледување на програмите според одредена категорија. Со избор на посакуваната категорија се отвара нова страница со листа на сите програми достапни на веб страницата.

За полесен и поедноставен преглед можете да ја филтрирате листата со цел да ја пронајдете посакуваната програма. Откако ќе ги пронајдете програмите кои Ве интересираат, дополнителните информации за истите, како што се деталите и цената, можете да ги видите со кликнување врз сликата.

При преглед на програмите кои се достапни за купување, ќе забележите под програмата поле Купи ја програмата, а со кликнување на полето ќе бидете известени дека програмата се наоѓа во Вашата листа.

Во секој момент овозможен е преглед на сите програми кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на полето Мои програми, во горниот десен дел од веб страницата, отворате страница на која се прикажани сите програми избрани за купување. Многу лесно можете да избришете програми од листата или да го зголемите нивниот број.

Купување на програма

Во моментот кога ќе бидете подготвени да извршите купување потребно е на страницата во горниот десен агол да кликнете на полето Мои програми. По проверка на листата на програми, потребно е да кликнете на полето Продолжи, со што ќе Ви се отвори страницата, каде ќе биде потребно да ги внесете податоците од вашата платежна картичка и да го завршите купувањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, тоа едноставно можете да го направите со клик на полето Назад. За потврда на извршеното купување ќе бидете известени преку е-мејл порака.

Можете да платите со користење на платежните картички на Visa, Visa Electron, MasterCard или Maestro. Вашата платежна картичка мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала.
Во текот на процесирање на онлајн нарачката, ќе бидeте редиректирани до страната на CPAY која е сигурна и заштитена за ваков вид плаќања. Податоците за Вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.

На оваа страница потребно е да ги внесете следните податоци

  • Број на платежната картичка
  • Име и презиме на носителот на картичката
  • Датумот на важност на картичката
  • CVV2/CVC2 код, кој може да го прочитате на вашата картичка

По завршување на купувањето, програмата е достапна за вас со секоја најава на вашиот кориснички налог и можете да ја следите.

За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба Ве молиме обратете се на info@drgoodnight.mk или на 075 455 454

Ексклузивна “Live” програма за спиење за бебиња од 5 до 23 месеци

Updated: May 21, 2024
Intermediate

Ексклузивната програма, или таканаречена “Live” програма, е за сите оние кои сакаат целиот процес од почеток до крај да го водат ексклузивно само со Сања Ѓорѓева. Во оваа програма е предвиден состанок онлајн или во канцеларија од околу 1 до 1,5 час, на кој ќе ви биде детално објаснета целата програма, а за време на

Основна програма за спиење за бебиња од 0 до 4 месеци

Updated: December 10, 2023
All Levels

Ексклузивна програма за спиење за дете од 2 до 6 години

Updated: December 10, 2023
Intermediate

ЕКСКЛУЗИВНА ПРОГРАМА ЗА СПИЕЊЕ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА од 5 месеци до 6 години

Updated: November 20, 2023
Intermediate

Премиум програма за спиење за бебиња од 5 до 23 месеци

Updated: May 21, 2024
Intermediate

Премиум програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 23 месеци кои имаат потешкотии со спиењето и родители кои сакаат да имаат целосна поддршка од нашиот тим за време на целиот тренинг процес. Оваа програма опфаќа: индивидуален дневен ред и распоред (кој ќе ви биде испратен во рок од 48 часа

Стандардна програма за спиење за бебиња од 5 до 23 месеци

Updated: May 21, 2024
Intermediate

Стандардната програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 23 месеци кои имаат потешкотии со спиењето. Оваа програма опфаќа: индивидуален дневен ред и распоред (кој ќе ви биде испратен во рок од 48 часа на меил, одкако ќе ја купите програмата и ќе го одговорите прашалникот), рутини за спиење, тренинг метода

Основна програма за спиење за бебиња од 5 до 23 месеци

Updated: May 21, 2024
All Levels

Основната програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 23 месеци кои имаат потешкотии со спиењето.

Програма за идни родители и новороденчиња до 4 месеци

Updated: August 8, 2023
All Levels 1 hour

Вашето бебе/дете сеуште не ги преспива ноќите? Се буди често? Не знае да заспие само? Има кратки дремки? Ние ви го нудиме решението! Со помош на нашата индивидуална програма ќе ги вратите проспаните ноќи во вашето семејство за помалку од две недели.