• Home
  • Услови за користење

Услови за користење

Почитувани потрошувачи,
Добредојдовте на нашата веб страница www.drgoodnight.mk. Се надеваме дека ќе уживате во своето искуство. Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве запознаеме со Условите на корисетење на веб страницата, како и за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги. Со таа цел, сакаме да Ве замолиме детално да ги прочитате подолу истакнатите Услови за користење.

Користењето на нашата страница и услуги за веб продажба, значи дека сте запознaени со нашите Услови за користење, во целост ги прифаќате и сте согласни да се придржувате кон истите. Доколку не се согласувате, или нашите Услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш Ве молиме не ја користете оваа веб страница, како и услугите понудени на истата.


Податоци за фирмата

Назив на фирмата —

ЕМБС: 7318081
ЕДБ: 4080018577508
Адреса — ул. Мајка Тереза бр. 35 1/1
Телефон — 075 455 454
Email — info@drgoodnight.mk
Website — www.drgoodnight.mk
Шифра на дејност —

Општи одредби

Доктор Гуднајт ја управува и администрира веб страницата www.drgoodnight.mk од своето седиште на ул. Мајка Тереза бр.35. Така, Доктор Гуднајт гарантира дека содржината на оваа веб страница, како и условите за нејзино користење, се во согласност со законската регулатива на Република Северна Македонија. Од друга страна, Доктор Гуднајт не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб страница.

Доколку ја посетувате оваа веб страница или ги користите нашите услуги надвор од територијата на Република Северна Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива, свесни за последиците и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Со оглед на тоа, Вие самите одговарате за евентуалната повреда на важечките закони на државата од каде што пристапувате на веб страницата или ги користите нејзините услуги.

Интелектуална сопственост

Доктор Гуднајт ги поседува и контролира авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) прикажани или достапни во рамките на веб страницата, или се користат со дозвола од носителот на авторските права на истите. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на оваа веб странита без изречна согласност на Доктор Гуднајт е строго забрането, освен и само ако не е поинаку наведено во прописите на Законот (како што е правото на цитат).
Прекршување на овие услови за употреба можат да доведат до покренување на постапка против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

Врски (линкови) кон други веб страници

Доктор Гуднајт не одговара за и целосно се оградува од содржината која ја има на веб страниците до кои се стига преку линковите истакнати на нашата страница. Тие линкови водат до веб страниците на самостојни правни субјекти, како што се добавувачите и партнерите на Доктор Гуднајт. Доколку ги користите овие линкови Вие ја напуштате нашата веб страница. Доктор Гуднајт не ја контролира содржината и безбедноста на овие страници, ниту при објавување на линкоците, ниту пак следи дали на истите настануваат некакви промени. Како резултат на тоа Доктор Гуднајт не одговара ниту е должен да дава изјави и информации за содржината на тие веб страници, нивниот софтвер, производите и материјалите кои се наоѓаат таму, или пак за било каквите последици од нивното користење. Доколку се одлучите да користите било кој од линковите на нашата веб страница кои водат до други страници, тоа го правите на сопствен ризик.

Содржина на корисникот

Доктор Гуднајт нема обврска да ја контролира или прегледува соржината на изјавите на корисниците како и нивната меѓусебна комуникација која се одвива на оваа веб страница. Сепак, Доктор Гуднајт го задржува правото да ја отстрани содржината објавена од корисниците, доколку ние сметаме дека таа се состои од навреди, клевети, закани или други работи кои не се прифатливи за нас. Доктор Гуднајт не е одговорен за повредите кои ќе ги сторат трети лица на нашата веб страница, без оглед дали таа повреда ги крши правата на лицата кои се гарантирани со важечките закони на Репубика Северна Македонија.

Права на корисниците

Корисниците имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, како и имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор. Корисниците имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци.

Измени на условите за користење

Доктор Гуднајт го задржува правото да ги ревидира, ажурира или менува овие Услови за користење во било кое време, бес претходно известување. Сите промени на Условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

Законски одредби

Овие Услови за користење ќе бидат регулирани согласно законите на Република Северна Македонија. Сите спорови кои произлегуваат или се однесуваат на овие Услови за користење ќе бидат надлежни судовите на Република Северна Македонија. Ако суд или надлежен орган утврди дека кои било делови или одредби од овие Услови за користење се неважечки и/или неспроведливи според апликативниот закон, таквите делови или одредби ќе бидат изменети, избришани и/или спроведени во максимално дозволениот обем за да се оствари намерата на овие Услови за користење. Тоа нема да влијае врз другите одредби.

Со користење на нашата веб страница, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и се согласувате со овие Услови на користење. Ако имате какви било прашања, Ве молиме контактирајте нѐ на info@drgoodnight.mk.

ПОЛИТИКА НА ИСПОРАКА НА ПРОИЗВОДИ

Купување на видео програма

Секој корисник при извршување на уплата и креирање налог на платформата, веднаш добива пристап до видеата во избраната програма, пристапот е со временско ограничување од 30 дена, започнувајќи од денот на извршената уплата.
По купување на видео програма, веднаш на меил ќе ви стигне линк кој ќе е носи до прашалник кој треба да го одговорите. Во рок од 48часа по  oдговарањето на прашалникот, на меил ќе ви испратиме документ со индивидуален дневен ред и распоред кој е соодветен за вашето дете.
Добивате достапност до целосната содржина во избраната програма во рок од 30 дена. По завршување на 30 дена, сметајќи од денот на уплатата, пристапот автоматски се прекинува. Строго е забрането споделување и отстапување на кориснички профил и лозинка на трети лица, како и снимање или споделување на програмата, која е авторско право на ДОКТОР ГУДНАЈТ ДООЕЛ СКОПЈЕ.

Доколку корисникот не е задоволен од продуктот и целосното искуство на платформата, може да поднесе жалба и барање за поврат на парите на info@drgoodnight.mk, а тимот на Доктор Гуднајт го задржува правото да го разгледа барањето и да одлучи дали парите ќе бидат вратени и барањето за поврат е основано.

Услови за користење на веб сајтот

Непречено користење и корисничко искуство без проблеми и пречки на платформата не може да се гарантира. Тимот како и брендот на платформата не одговара за потенцијалните технички проблеми и проблемите настаните во ситуација на прекин на работењето на  платформата. Тимот кој што стои позади платформата се обврзува во најкус можен рок да ги санира и отстрани техничките проблеми на веб сајтот поради непречено користење на истиот и целосно корисничко
искуство.

Заштита и авторски права

Целата содржина на веб сајтот е специјално создадена за потребите на платформата и строго се
забранува нејзина злоупотреба, копирање или препродавање на содржината, логото и брендот на
платформата Доктор Гуднајт, акции кои се забранети со закон и подлежат на законска казна. Ние
сериозно ја сфаќаме приватноста и безбедноста на Вашите лични податоци, па затоа ве
советуваме да се информирате за тоа кои податоци ние може да собираме, користиме и
споделуваме за потребите на платформата и вашето корисничко искуство.

Купување на производи


Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Северна Македонија. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја
доставите при креирање на нарачката.
Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвидено време за испорака е 72 часа (за Република Северна Македонија), но само за оние производи кои се на лагер, од
моментот на потврдa на плаќањето од страна на банката. Во согласност со нашите можности, призводот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок. ДОКТОР ГУДНАЈТ ДООЕЛ Скопје го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот. Испораката се врши преку надворешни соработници, за територијата на Република Северена Македонија. На територијата на Скопје, испораката ја вршиме ние самите. Испорака во сабота до 15 часот, во недела и на државни празници не се врши. Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката. Доколку нарачката е направена по 20 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во петок по 20 часот, сабота по 16:30 часот, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.
Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не’ информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.
Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, ДОКТОР ГУДНАЈТ ДООЕЛ Скопје не може да превземе никаква одговорност.

ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИ

Производот/ите се доставуваат до влезната врата на куќата односно до влезот на станбена зграда. Производот/ите се спакувани во соодветни кеси, како заштита од евентуални оштетувања и се осигурани од губење или оштетување за време на транспортот.
Во моментот на прием на производот/ите, должни сте истите да ги прегледате и веднаш да приговорите за евентувални надворешни оштетувања на производот/ите. Евентуалниот приговор треба да биде упатен на телефонскиот број за поддршка на корисници и кај лицето кое ја врши испораката, во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производот/ите нема да бидат прифатени.

Заедно со приемот на производот/ите задолжително добивате и пропратна документација која се состои од фактура-испратница, која сте должни да ја потпишете.

ВРАЌАЊЕ И ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ

Купувачот има право да врати купен производ во период од 4 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.
Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.
Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на диемнзијата на нарачаниот производ. Производот може да се замени само ако не е отворен и не е оштетен. Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.
Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, фабричките етикети, како и фискалната сметка или Фактура-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.
Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.


КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА ДОКТОР ГУДНАЈТ ДООЕЛ Скопје И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.

Ексклузивна “Live” програма за спиење за бебиња од 5 до 20 месеци

Updated: March 11, 2024
Intermediate

Ексклузивната програма, или таканаречена “Live” програма, е за сите оние кои сакаат целиот процес од почеток до крај да го водат ексклузивно само со Сања Ѓорѓева. Во оваа програма е предвиден состанок онлајн или во канцеларија од околу 1 до 1,5 час, на кој ќе ви биде детално објаснета целата програма, а за време на

Основна програма за спиење за бебиња од 0 до 4 месеци

Updated: December 10, 2023
All Levels

Ексклузивна програма за спиење за дете од 2 до 6 години

Updated: December 10, 2023
Intermediate

ЕКСКЛУЗИВНА ПРОГРАМА ЗА СПИЕЊЕ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА од 5 месеци до 6 години

Updated: November 20, 2023
Intermediate

Премиум програма за спиење за бебиња од 5 до 20 месеци

Updated: March 11, 2024
Intermediate

Премиум програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 20 месеци кои имаат потешкотии со спиењето и родители кои сакаат да имаат целосна поддршка од нашиот тим за време на целиот тренинг процес. Оваа програма опфаќа: индивидуален дневен ред и распоред (кој ќе ви биде испратен во рок од 24-48 часа

Стандардна програма за спиење за бебиња од 5 до 20 месеци

Updated: March 11, 2024
Intermediate

Стандардната програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 20 месеци кои имаат потешкотии со спиењето. Оваа програма опфаќа: индивидуален дневен ред и распоред (кој ќе ви биде испратен во рок од 24-48 часа на меил, одкако ќе ја купите програмата и ќе го одговорите прашалникот), рутини за спиење, тренинг метода

Основна програма за спиење за бебиња од 5 до 20 месеци

Updated: March 11, 2024
All Levels

Основната програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 18 месеци кои имаат потешкотии со спиењето.

Програма за идни родители и новороденчиња до 4 месеци

Updated: August 8, 2023
All Levels 1 hour

Вашето бебе/дете сеуште не ги преспива ноќите? Се буди често? Не знае да заспие само? Има кратки дремки? Ние ви го нудиме решението! Со помош на нашата индивидуална програма ќе ги вратите проспаните ноќи во вашето семејство за помалку од две недели.