Основна програма за спиење за бебиња од 5 до 23 месеци

Индивидуален дневен ред и распоред за вашето бебе и мои видео лекции што ве водат чекор по чекор до проспани ноќи.

Сања Ѓорѓева Креирано од Сања Ѓорѓева, основач на Dr.Goodnight
  • ▶ 20 видео лекции · 100 мин
  • ✉ План на меил за 24 – 48 ч
  • ◷ Пристап 1 месец
  • На македонски јазик

Што ќе научите

  • Развој и циклуси на спиењето – ќе научите како се развива спиењето и што се случува додека спиеме. Ќе можете да ја препознаете причината за ноќните будења на вашето дете и да го најдете решението.
  • Дневен ред и распоред – ќе научите зошто се важни дневните дремки и должината на прозорот на будност. Ќе знаете како правилно да креирате дневен ред за вашето дете кој ќе биде соодветен за неговата возраст. Ќе знаете како да спречите премор и како да му помогнете на вашето дете да има добар ноќен сон.
  • Самостојно успивање – ќе го научите вашето дете да заспива самостојно и да презаспива самостојно во текот на ноќта. Ќе го одвикнете од заспивање со нишкање, доење, АД млеко или било која друга асоцијација која ја има со спиењето. Ќе научите да креирате рутина пред спиење која ќе ви го олесни процесот на успивање.
  • Одвикнување од ноќна дохрана/ноќни подои – ќе имате план за постепено намалување или целосно одвикнување од ноќните подои или АД млеко. Овој план функционира и за најупорните бебиња кои цицаат по цела ноќ.
  • Рани утрински будења и кратки дремки – ќе научите како да се ослободите од раните утрински будења и како да ги продолжите кратките дремки.
  • На крајот на овој курс ќе се стекнете со знаење кое ќе ви помогне да го научите вашето бебе да ја преспива целата ноќ, да има мирен сон, а вие среќни и хармонични денови.

Содржина на програмата

9 поглавја · 20 лекции · 100 мин видео
Вовед1 лекција · 4 мин
  • Вовед 4:13
Важноста на дневниот распоред и прозорите на будност1 лекција · 7 мин
  • Важноста на дневниот распоред и прозорите на будност 7:11
Дневен ред и распоред1 лекција · 12 мин
  • Дневен ред и распоред 12:08
Тренинг за спиење2 лекции · 30 мин
  • Тренинг за спиење 30:28
  • Цуцлата – да се задржи или да се тргне?
Намалување или одвикнување од ноќни подои1 лекција · 10 мин
  • Намалување или одвикнување од ноќни подои 9:43
Намалување или одвикнување од ноќнa дохрана1 лекција · 10 мин
  • Намалување или одвикнување од ноќнa дохрана 10:28
Рани утрински будења1 лекција · 13 мин
  • Рани утрински будења 12:40
Кратки дремки1 лекција · 13 мин
  • Кратки дремки 13:29
Нарушувачи на рутината: како да се справите со патувања, болести и други животни промени11 лекции
  • Вовед
  • Скокови во развој
  • Патувања и спиење: Како да го задржите напредокот и надвор од дома
  • Патување низ временски зони
  • Болести и спиење: Што кога бебето ќе се разболи?
  • Растење на заби и спиењето
  • Преселба во нов дом
  • Дремки во градинка и период на адаптација
  • Семејна траума, развод, промени поврзани со работа и училиште
  • Добивање братче или сестричка: Како да ги зачувате и сонот и врската со постарото дете
  • Кога рутината ќе се наруши – што потоа? – Повторно воспоставување на навиките (Retraining):

Како функционира

  1. Купувате и одговарате на прашалникотЗа спиењето, рутината и навиките на бебето.
  2. Веднаш ги гледате видеатаОд „Мои курсеви“, на мобилен или лаптоп.
  3. Планот ви стигнува на меилЗа 24 – 48 ч. Потоа почнувате со тренингот.

За програмата

Основната програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 23 месеци кои имаат потешкотии со спиењето.

Индивидуален дневен ред и распоред (кој ќе ви биде испратен во рок од 48 часа на меил, одкако ќе ја купите програмата и ќе го одговорите прашалникот), рутини за спиење, тренинг метода за учење за самостојно успивање и презаспивање во текот на ноќта, одвикнување/намалување од ноќни подои или ноќна дохрана, решавање на проблемот со рани утрински будења како и методи за продолжување на кратките дремки.

Покрај индивидуалниот дневен ред и распоред, веднаш ќе добиете пристап до снимени видео материјали од Сања Ѓорѓева, во кои детално се објаснети методите и техниките кои треба да ги применувате за да дојдете до проспани ноќи.

До видео програмите ќе имате пристап од 1 месец, почнувајќи од денот на купување на програмата. Дополнително можете да ни испратите еден меил или порака со ваше прашање во врска со спиењето и процесот на тренингот, кој можете да го испратите во рок од еден месец почнувајќи од датумот на купување на програмата.

Доколку ви е потребна дополнителна поддршка од нашиот тим за време на целиот тренинг процес, може да го дополните вашиот пакет со доплата за индивидуална еднократна консултација или доплата за стандардната програма за спиење.

Потребно е: Мобилен или лаптоп со интернет конекција Желба за проспани ноќи, решителност, посветеност и константност
Сања Ѓорѓева, основач на Dr.Goodnight
Вашиот инструктор

Сања Ѓорѓева

Основач на Dr.Goodnight · експерт за спиење · ~11 години искуство

Методот е нежен: вие сте до детето, а јас ве водам чекор по чекор низ видео лекциите и вашиот индивидуален план. Водител сум и на подкастот Sleep N’Grow.

Повеќе за мене →

Чести прашања

Кога го добивам планот?

Откако ќе го одговорите прашалникот, индивидуалниот дневен ред и распоред ви стигнува на меил во рок од 24 – 48 часа. До видео лекциите имате пристап веднаш.

Колку долго имам пристап до видеата?

1 месец од денот на купувањето.

Дали бебето ќе плаче?

Ќе протестира, затоа што секоја промена носи протест. Но вие сте цело време во собата и реагирате, а плачењето најчесто е помалку отколку што очекувате.

Можам ли подоцна да надоградам?

Да. Можете да доплатите за еднократна консултација или за повисок пакет.