• Home
  • Зошто е важен сонот за децата и кои се последиците од недоволен сон

Зошто е важен сонот за децата и кои се последиците од недоволен сон

Зошто е важен сонот за децата и кои се последиците од недоволен сон

Додека вашите дечиња спијат, во нивните мозочиња се случуваат прекрасни работи.

За разлика од нас возрасните, на децата им е потребно многу повеќе спиење. Сонот е многу важен за здравот раст и развој на дечињата и од големо значење е да им воспоставите здрави рутини и навики за спиење. Дел од причините поради кои не смее да се занемарува сонот, и треба да внимавате на спиењето на вашите деца се:

  1. Децата растат и се развиваат додека спијат! Хормонот за раст, соматотропин, се произведува за време на спиењето. Хормонот за раст дејствува на најголемиот дел од телесните ткива, во кои стимулира синтеза на протеини, неопходни за растењето. Кај децата овој хормон најмногу се лачи за време на ноќното спиење, кога ќе влезат во длабоката фаза на сон. Длабоката фаза на спиење, се случува на почетокот на ноќта, доколку оваа фаза е попречена, растот нема да се развива нормално. Ако една ноќ на попречено спиење нема да му наштети на растот, хронични проблеми со спиење во детството ќе му наштетат. Неодамнешни истражувања покажуваат дека децата со намалено количество на хормон на раст имаат проблеми со спиењето, не спијат доволно, за разлика од децата кои имаат нормален хормон на раст.
  2. Додека децата спијат навечер, нивните мозочиња работат со полна пареа и го обработуваат она што го доживеале преку ден. Ги процесираат сите насобрани информации и се полнат со нови знаења и вештини кои можат да останат запаметени, бидејќи милиони нови невронски врски се формираат за време на ноќното спиење. Со други зборови, децата учат додека спијат! Ако вашето бебе не спие доволно, овој процес е нарушен.
  3. Хормоните кои регилураат глад и апетит како инсулин и кортизол (стрес хормон) исто така се нарушени од недоволен сон. Мали деца кои долг период имаат попречно спиење и недоволен сон, имаат екстремно ниско ниво на инсулин, кое може да доведе до диабетис и проблеми со тежината. Неодамнешни истражувања покажуваат дека децата кои имаат нарушено спиење, се со зголемен ризик од дебелеење. Децата кои не спијат доволно, имаат високо ниво на кортизол кој им предизвикува стрес. Добриот сон го намалува стресот и го зајакнува имунитетот.  Наспани деца се расположени и здрави деца.

Доволна количина на сон има исклучително позитивен ефект врз развивање на емоционалната интелигенција кај децата.  Кога се добро наспани, можат многу подобро да се фокусираат и концентрацијата им трае подолго, а поради тоа се спремни за истражување на светот околу нив и учење нови работи.

Но како да препознаете дали на вашето дете му е потребно повеќе спиење?

Без разлика на возраста, овие знаци укажуваат дека му е потребено повеќе спиење:

  1. Изразена емотивност (чести тантруми, промена на расположение, лесно се навредува, нема трпение)
  2. Тешко се буди наутро
  3. Потешкотија при концентрирање или фокусирање на некоја игра
  4. Долги или прекумерни дремки
  5. Хиперактивност
  6. Тешко заспива (преумореност)
  7. Заспива веднаш штом ќе ја стави главата на перницата (на дете со здрави навики на спиење му се потребни околу 20мин да потоне во сон )
  8. Зголемен апетит
  9. Често паѓање и невнимателност
  10. Прекумерно зборување (повеќе прашања од нормално, брзи неповрзани разговори

На долунаведената слика, можете да проверите колку часа на спиење е потребно за различна возраст.

Спиењето е основна потреба, исто како и јадењето, без кое не можеме да живееме.  Сè додека нашите деца не се во можност сами да се грижат за својата храна и за својот сон, наша родителска должност е да им обезбедиме здрава храна и здрав сон, да им створиме здрави навики на јадење и на спиење, а со тоа да ја поставиме и зацврстиме основата за здрави деца.

Не заборавајте дека наспани деца, се расположени и здрави деца!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *