Спречете ги непреспаните ноќи уште на самиот почеток. Дознајте како се развива спиењето на вашето новороденче, и кој е идеалниот период да започнете со здрави навики на спиење.
Во текот на оваа програма ќе опфатиме основно образование во врска со спиењето и исхраната на вашето новороденче. Ќе зборуваме за она што е нормално и што треба да очекувате од вашето новороденче во зависност од неговата возраст.
Ќе зборуваме за рутината на дневното и ноќното спиење на вашето бебе и за тоа како да направите сигурна и пријатна атмосфера за спиење. Ќе добиете совети и насоки како да го научите вашето бебе да заспива самостојно уште од најмала возраст. Ќе ви ја објасниме теоријата на врзување која е многу значајна во првите четири месеци од животот на вашето новороденче, и ќе ви помогнеме да остварите цврста врска со вашето бебе.
Со помош на нашата програма ќе ја зголемиме вашата самодоверба, ќе научите да ги читате знаците и потребите на своето бебе и ќе воведете ред во своите денонокија. Ќе ве подготвоам и ќе ви ги покажам методите и чекорите кои можете да ги направите уште на самиот почеток за да му помогнете на вашето бебе да стане голем спанко.