• Home
  • Приказната на Александра и 7-месечната Kaja

Приказната на Александра и 7-месечната Kaja

Јас сум Александра

Предизвикот за воспоставување на рутина за спиење за нејзиното мало бебе Каја, ја натера Александра да се приклучи на нашата програма за спиење. Преку персонализирани тренинзи, стручна поддршка и правилен пристап, Каја за кратко време почна да спие мирно во текот на ноќта, без будење и значително се промени нејзиното расположение, што доведе до хармоничен семеен живот исполнет со радост и добро одморени родители.

Прочитајте ја приказната на Александра и нејзината 7-месечна Каја:
Како и многу нови родители, Александра и нејзиниот сопруг беа возбудени со новиот член во семејството, но истовремено се чувствуваа многу исцрпени, беа уморни и немаа сон, бидејќи им беше предизвик да воспостават конзистентна рутина за спиење за нивната малечка Каја. Родителите се мачеа да ја натераат Каја да спие во текот на ноќта, без будење, чувствувајќи се преморени од непроспиените ноќи. Покрај потешкотиите во заспивањето кои се повторуваа секоја вечер, Каја се будеше повеќепати во текот на ноќта, барајќи одново помош од родителите за да може да повторно да заспие. Нејзиниот ритуал за заспивање се сведуваше на постојано доење, нишкање и заспивање во рацете на Александра, а по само еден час повторно будење со неможност да заспие, барајќи да се повтори рутината. Сите тие немирни ноќи на Каја доведоа до тоа нејзината среќна насмевка во текот на денот да се претвори во уморно и плачливо бебе, а во истовреме и нејзините родитетли да бидат исцрпени од неможноста да ѝ помогнат во нејзините немирни ноќи.
Очајна да најде решение за непроспаните ноќи, Александра побара помош од нас и нашата програма за спиење за мали бебиња. Заинтригирана од позитивните сведоштва и нашиот пристап, таа реши да се обиде и така го започнаа своето патување кон мирни ноќи за себе и малата Каја.

Програмата се одвиваше во неколку фази, следејќи го брзиот развој на Каја и промените во нејзините потреби. Започнавме со пристап на разбирање на нејзиниот карактер, како и потребите за хранење, играње и откривање на нови работи, согласно нејзината возраст кога се забележува значаен напредок во развојот. Ги едуциравме родителите за моделите на спиење кај доенчињата, а тие ги следеа нашите совети и ги применуваа предложените техники кои на крајот се покажаа како ефективни. Александра почна да ги препознава
знаците на спиење на Каја и соодветно ја прилагоди нејзината дневна рутина, со што значително се подобрија и дневните дремки. Со воспоставување конзистентен распоред за спиење, таа забележа дека Каја изгледала помалку уморна во текот на денот и поопуштена кога доаѓаше времето за спиење.

Со помош на програмата, Александра научи нежни методи за да ја утеши Каја кога е вознемирена, дозволувајќи ѝ да се смири и самостојно да заспие. Веќе по вториот тренинг можеа да се забележат првите резултати, а Александра беше повеќе од задоволна.

Александра се чувствуваше охрабрена и самоуверена кога конечно успеа да ја види својата малечка Каја како постепено почнува да спие подолго време во текот на ноќта. За кратко време, Каја научи да заспива целосно самостојно, дневните дремни значително се подобрија, а ноќното спиење вклучуваше подолги временски интервали, за подоцна да се претвори во преспивање на целата ноќ без никакво будење. Каја се претвори во радосно и среќно бебе, подготвено за нови истражувања и игри во текот на денот.

По завршувањето на програмата, Александра продолжи со примена на советите и практиките, а сонот на Каја продолжи да се подобрува. Како што таа спиеше подобро, така и нејзините родители, нивниот сон и нивната енергија значително се подобрија, создавајќи хармонична средина во семејството.
„Топло му препорачувам на секој родител со помош на Сања да го научи детето да заспива само и да ги преспива ноќите бидејќи спиењето е од исклучителна важност за здрав развој на детето. Каја се будеше на секој час и не продолжуваше да спие без доење, беше уморна и кенкава преку ден, а ние едвај функциониравме. По само неколку дена имаше резултати, дневните дремки се средуваа, а сега легнува и заспива за 5 минути, има квалитетен долг сон и е пресреќно бебче во текот на денот, а ние сме наспани родители кои повторно имаат време еден за друг.

Прекрасно е искуството да се работи со Сања, програмата и методот којшто го работевме беа во потполна согласност со нашите потреби и вредности, добивавме секојдневни насоки и совети додека траеше програмата. Сања е трпелива и полна со разбирање, слободно ги дискутиравме сите грижи и емоции и беше достапна апсолутно во секој момент. Благодариме од срце, Сања, се слушаме повторно за помош со второто бебе!“

Александра, мајка на Каја