• Home
  • Приказната на Мила и 10-месечниот Антон

Приказната на Мила и 10-месечниот Антон

Јас сум Мила, а ова е мојата успешна приказна

По неколкумесечни проблеми со непроспиени ноќи, Мила успеа да воспостави здрави навики за спиење за своето бебе Антон и да си го врати потребниот одмор за себе. Од бебе кое може да заспие ислкучиво со нишкање и цицање, до целосно самостојно заспивање и длабок сон во текот на целата ноќ.

Прочитајте ја приказната на Мила и нејзиното 10-месечно бебе Антон. Неправилните шеми на спиење на Антон и постојаното ноќно будење ја направија мајката Мила ненаспана и исцрпена. Мила беше во потрага по насоки и решение кои ќе му помогнат на Антон полесно да заспие и да ја преспие целата ноќ без будење и плачење во текот на ноќта.

Пред да се обрати до нас, на Антон му беше многу тешко да заспие, постојано плачеше и заспиваше исклучиво со цицање и нишкање во истовреме. Во текот на ноќта, Антон се будеше на секои 2 часа, барајќи ги одново истите ритуали. Мила беше ненаспана, исцрпена и очајна по решение. Очајно ѝ беше потребно повеќе одмор за себе и енергија за да ги реализира секојдневните обврски. Безуспешните обиди на Мила да дојде до решение со кое Антон ќе заспива сам и ќе ја преспива ноќта, ја натераа да пребарува методи на интернет со кои ќе му овозможи на нејзиното бебе полесно заспивање и мирен сон во текот на ноќта. Мила нѐ пронајде нас и побара консултација, а ние ѝ предложивме индивидуална програма со која ќе и` помогнеме да дојде до решение за нејзиниот проблем.

Програмата се состоеше од неколку последователни тренинзи, каде најпрво се запознавме со карактерот на Антон и неговите навики за да воспоставиме неколку методи и насоки со кои ќе му помогнеме нему и на Мила со непроспаните ноќи. Најпрво се фокусиравме на поставување на сцена за успешно заспивање, односно создавање на постојана рутина и смирувачка средина за спиење за Антон. Програмата ја охрабри Мила да воспостави редовно време за спиење, вклучувајќи смирувачки активности пред спиење и нежни приспивни песни. Подоцна, продолживме со различни техники на заспивање, како благите пристапи кои ги почитуваа потребите на Антон и поттикнуваа смирување, кои постепено му помогнаа да научи самостојно да заспива.

Веќе по првата недела, Мила почна да бележи значителен напредок. Циклусите на спиење на Антон станаа поконзистентни, а бројот на ноќни будења се намали. Секогаш кога се соочуваше со неуспеси, ѝ овозможувавме поддршка, споделувајќи различни техники и давајќи корисни совети. Како одминуваа тернинзите, навиките за спиење на Антон значително се трансформираа. Тој заспиваше самостојно и спиеше мирно и континуирано во текот на ноќта. Мила беше пресреќна кога го гледаше нејниното малечко како секое утро се буди одморено и многу посреќно.

По завршувањето на програмата, Мила и понатаму продолжи да ги применува и прилагодува овие рутини за да одговараат на променливите потреби на Антон. Дополнително, Мила успеа да си овозможи и себеси квалитетен сон и време за одмор, а со тоа и поголема енергија во текот на денот. Нашето заедничко патување ги врати радоста и хармонијата во семејството на Антон. Принципите на програмата, заедно со посветеноста на Мила, ги претворија непроспиените ноќи во мирни соништа за Мила и нејзиниот мал Антон.

„Како мајка на бебе кое до 10-месечна возраст заспиваше со нишкање, плачење, цицање и пак нишкање, а во текот на ноќта се будеше речиси на секои 2 часа, нормално дека бев запознаена со методите на sleep training. Поминував часови и часови во барање решенија за мојот проблем бидејќи одговорите „такво ти е детето“ не можев да ги прифатам. На мое големо изненадување на Facebook ми се појави профилот на Dr.Goodnight и така ја запознав Сања. Уште по првата средба знаев дека Сања е некој кој може да ми помогне, за во текот на тренингот да се уверам дека станува збор за исклучително трпелива и неверојатно професионална личност. Сања како Gentle Sleep Coach ме научи да го научам Антон да заспива сам уште од првата вечер за по една недела да почне да ја преспива цела вечер, а најважно од сè, ми помогна да верувам во себе како родител.

Магично е да гледате како вашето дете преку ноќ учи вештина која сте се плашеле дека никогаш нема да ја совлада. На Сања сум и` засекогаш благодарна, а на сите ненаспани родители безрезервно ја препорачувам.“

Мила, мајка на Антон