
Следната недела, на 29 октомври, започнува зимско сметање на времето. Во 3 часот по полноќ ќе ги поместиме стрелките на часовникот за еден час наназад, односно сегашното 3, ќе биде ново 2 часот, а тоа, ТЕОРЕТСКИ, значи дека ќе спиеме еден час повеќе.
ПРАКТИЧНО, за да не се изненадите во недела колку рано сте се разбудиле, треба да ги припремите вашите деца за новата промена. Особено ако вашето дете се буди помеѓу 6ч и 7ч, тоа значи дека според ново време ќе се буди помеѓу 5ч и 6ч.
Промената на часовникот е како мини џет-лаг, а човечкото тело е способно да се прилагоди за 2-3 дена-но за тоа на нашиот внатрешен часовник му е потребно повеќе светлина навечер, а повеќе темнина наутро.
На повеќето деца им е потребна постепена транзиција за оваа промена. Доколку од еднаш ги успивате еден час покасно, се со цел да се разбудат еден час покасно, може да го постигнете спротивното, односно пред ноќното успивање детето да се премори, а тоа да биде причина за уште порано будење.
За да не се соочите со овој проблем обидете се транзицијата да ја правите постепено според ове чекори:
Будење: 6:00ч. Будење: 6:00ч. Будење: 6:15ч. Будење: 6:30ч.
Дремка: 12ч. Дремка: 12:15ч. Дремка: 12:30ч. Дремка: 12:45ч.
Спиење: 19ч. Спиње: 19:15ч. Спиење: 19:30ч. Спиење: 19:45ч.
Будење: 6:45ч. Будење: 7:00ч.
Дремка: 13:00ч. Дремка: 13:00ч.
Спиење: 20:00ч. Спиење: 20:00ч.
Имајте слатки и проспани ноќи!

Your information will never be shared with any third party