Премиум програма за спиење е наменета за бебиња на возраст од 5 до 23 месеци кои имаат потешкотии со спиењето и родители кои сакаат да имаат целосна поддршка од нашиот тим за време на целиот тренинг процес.
Оваа програма опфаќа: индивидуален дневен ред и распоред (кој ќе ви биде испратен во рок од 48 часа на меил, одкако ќе ја купите програмата и ќе го одговорите прашалникот), рутини за спиење, тренинг метода за учење за самостојно успивање и презаспивање во текот на ноќта, одвикнување/намалување од ноќни подои или ноќна дохрана, решавање на проблемот со рани утрински будења како и методи за продолжување на кратките дремки.
Покрај индивидуалниот дневен ред и распоред, веднаш ќе добиете пристап до снимени видео материјали од Сања Ѓорѓева, во кои детално се објаснети методите и техниките кои треба да ги применувате за да дојдете до проспани ноќи.
До видео програмите ќе имате пристап од 1 месец, почнувајќи од денот на купување на програмата.
Во оваа програма е вклучен 45 минутен онлајн разговор со Сања, кој ќе можете да го искористите пред почнувањето на тренингот. За време на тренингот добивате целосен ангажман од Сања во рок од 15 дена, преку телефон, меил или пораки. Ќе го следиме напредокот на програмата и реакциите на вашето дете, ќе ви бидеме поддршка низ целиот процес, од почетокот до крајот на тренингот.