Скокови во развојТабела и калкулатор по недели
Многу често ќе слушнете дека во скок во развој спиењето на децата се влошува. Но што е „скок во развој“, кога се појавува и зошто влијае на спиењето на нашите деца?
Скок во развој е период во кој вашето дете доживува големи промени во неговиот моторен и психички развој, накратко кажано, вашите деца нагло растат. Во првите 18 месеци бебињата поминуваат низ 10 големи скокови во развој.
Зошто децата во скок во развој се будат почесто?
- 1
Лесен сон
Поголемиот дел од развојот се случува додека децата спијат, и тоа во фазата на лесен сон. Ова значи дека додека се во скок во развој, бебињата имаат лесен сон и полесно може да се разбудат.
- 2
Вежбаат нови вештини
Вашите малечки имаат потреба да ги вежбаат новите вештини. Се будат навечер со желба за усовршување на новите вештини. Оваа потреба дополнително го влошува спиењето.
- 3
Повеќе калории
Бебињата кои во првата година сѐ уште јадат навечер, за време на скокот во развој, имаат потреба од внесување на повеќе калории поради нивниот забрзан раст, а поради тоа се будат почесто барајќи цицање или АД.
- 4
Подолг прозорец на будност
Прозорот на будност се зголемува со растот и развојот на децата. Како што бебињата растат, така се намалува должината на спиењето.
Важно: Скоковите во развој се пресметуваат од предвидениот термин на раѓање, а не од датумот на раѓањето на вашето бебе. Затоа што моторниот и психичкиот развој е поврзан со датумот на зачнување на вашето бебе.
Кога се појавуваат скоковите во развој?
- 5недела
- 8недела
- 12недела
- 19неделаЧетврт скок во развој · околу 19. недела
Активности што се дел од еден настан
Вашето бебе учи дека неколку активности се дел од еден настан. На пример тропкалките, не само што ќе ги држи, туку и ќе ги мрда лево-десно, за да испуштат звук. Исто така, ќе истражува разни предмети, ставајќи ги во уста. Во овој период дури и моторните вештини се развиваат многу брзо, некои бебиња можат да се превртат од грб на стомак и се полни со енергија и желба за превртување дури и навечер.
Во табелата: недели 14–19 ↑ - Скоковите минуваат, навиките остануваат.Ако сонот е нарушен и по скокот, причината најчесто е во навиките за заспивање. Тука ви помагаат нашите програми.Видете ги програмите
- 23неделаПетти скок во развој · околу 23. недела
Оддалеченост и препознавање објекти
Вашето малечко може да препознава објекти, а и да согледа оддалеченост помеѓу два предмета. Забележува кога мама и тато ќе ја напуштат собата, поради што плаче. Покрај тоа почнува превртување на двете страни, посегнува по објекти кои висат.
Во табелата: недели 22–26 ↑ - 34неделаШести скок во развој · околу 34. недела
Моторика: ползење, стоење, први чекори
Во овој скок најмногу се развива моториката, поради што вашите дечиња немаат мир. Некои бебиња ќе научат да ползат, да стојат сами, а некои ќе ги направат и првите чекорчиња придржувајќи се до некои предмети. Возбудата е голема, и бебињата имаат константна желба постојано да ги вежбаат и усовршат новите вештини. Вежбаат преку ден, но и навечер.
Во табелата: недели 33–37 ↑ - 41неделаСедми скок во развој · околу 41. недела
Посложени процеси и први зборчиња
За време на овој скок вашето бебе учи за посложени процеси и настани. На пример, знае дека ако ја земе лажичката, треба да ја натопи во кашичката и да си ја стави во устата. Покрај тоа, ползат/се исправаат сами фатени за некој предмет, а тоа им предизвикува немир. Некои од нив ги кажуваат и првите зборчиња.
Во табелата: недели 41–46 ↑ - 50неделаОсми скок во развој · околу 50. недела
Редослед на процеси
Во осмиот скок во развој, вашите дечиња учат за редослед на процеси. На пример, сфаќаат дека одредени процеси не мора секогаш да се случуваат по истиот редослед за да доведат до истиот краен резултат. Дури и самите се обидуваат да најдат различни начини и пристапи за да го променат редоследот на некој процес. Покрај тоа, сѐ повеќе си ја откриваат сопствената желба, а тоа може лесно да предизвика тантруми.
Во табелата: недели 50–54 ↑ - 60неделаДеветти скок во развој · околу 60. недела
Светот на принципите и правилата
Вашето дете се впушта во светот на принципите, а правилата стануваат сè поважни. Се обидува да ги разбере и тестира овие правила. Сфаќа дека постојат неколку начини и стратегии што можат да се искористат за да се постигне посакуваната цел. Секогаш си го поставува прашањето дали е поверојатно да се постигне целта преку кенкање / плачење или дали „да се биде послушен“ е подобро решение.
Во табелата: недели 59–64 ↑ - 75неделаДесетти скок во развој · околу 75. недела
Совест, вредности и норми
Последен скок во развој во кој се случува сензорниот развој. Во 10. скок во развој се поставува основата за градење на совест и децата учат за вредности и норми. Тие откриваат сѐ повеќе за себе, својот карактер, желби, го запознаваат подлабоко своето семејство, пријатели, роднини. Отсега натаму, вашите деца многу внимателно го набљудуваат вашето однесување, го впиваат и многу брзо го имитираат.
Во табелата: недели 70–76 ↑
Скокот е фаза која ќе помине
Скоковите се нормални и очекувани фази во растот и развојот на секое дете. Многу е важно во овој период да реагирате на потребите на вашето бебе и да му пружате многу љубов. Вашиот допир, глас, мирис и топлина му даваат сигурност и мир на вашето бебе, а тоа ќе помогне полесно да се надмине секој скок во развој.
Неделите кога се појавуваат скоковите не мора да бидат секогаш исти, може да има разлики кај некои деца. Следете ги вашите деца и бидете полни со љубов и внимание за време на секој скок. Тоа е фаза која ќе помине, но на вашето дете му се потребни вашето разбирање и поддршка.
За скоковите во развој
Од кога се сметаат скоковите во развој?
Скоковите во развој се пресметуваат од предвидениот термин на раѓање, а не од датумот на раѓањето на вашето бебе. Затоа што моторниот и психичкиот развој е поврзан со датумот на зачнување на вашето бебе. Затоа кај предвреме родените бебиња во калкулаторот се внесува предвидениот термин.
Колку скокови во развој има?
Во првите 18 месеци бебињата поминуваат низ 10 големи скокови во развој.
Зошто бебето во скок во развој се буди почесто?
Поголемиот дел од развојот се случува во фазата на лесен сон, па бебињата полесно се будат. Покрај тоа, имаат потреба да ги вежбаат новите вештини и навечер, а бебињата што сѐ уште јадат навечер имаат потреба од повеќе калории поради забрзаниот раст.
Дали скоковите се во истите недели кај секое дете?
Неделите кога се појавуваат скоковите не мора да бидат секогаш исти, може да има разлики кај некои деца. Следете ги вашите деца и бидете полни со љубов и внимание за време на секој скок. Тоа е фаза која ќе помине, но на вашето дете му се потребни вашето разбирање и поддршка.