Приказната на Мила и 10-месечниот Антон
По неколку месечни проблеми со непроспиени ноќи, Мила, успеа да воспостави здрави навики за спиење за своето бебе Антон и да си го врати потребниот одмор за себе. Од бебе кое може да заспие искучиво со нишкање и цицање, до целосно самостојно заспивање и длабок сон во текот на целата ноќ.
Прочитај ја приказнатаПриказната на Ивана и 14-месечниот Војдан
Повеќекратното будење на Војдан во текот на ноќта се претвори во континуиран, длабок и мирен сон и поголема среќа за него и неговото семејство. Нашата индивидуална програма проследена со постојани совети, во конбинација со неуморните вложувања на неговата мајка Ивана доведоа до значително подобрување во квалитетот на сонот, а со тоа и смиреноста на Војдан.
Прочитај ја приказнатаПриказната на Александра и 7-месечната Kaja
Предизвикот за воспоставување на рутина за спиење за нејзиното мало бебе Каја, ја натера Александра да се приклучи на нашата програма за спиење. Преку персонализирани тренинзи, стручна поддршка и правилен пристап, Каја за кратко време почна да спие мирно во текот на ноќта, без будење и значително се промени нејзиното расположение, што доведе до хармоничен семеен живот исполнет со радост и добро одморени родители.
Прочитај ја приказнатаШто кажаа нашите клиенти за Dr.GoodNight
Разгледајте ги нашите програми и започнете
Dr. Goodnight беше токму она што ни требаше за да му помогнеме на Давид да спие подобро. Во потрага по разни решенија бев преплавена со различни информации од книги и од интернет. Програмата на Dr.Goodnight беше полна со информации и совети и ни помогна да го избереме најдоброто решение за нашата фамилија. Најдобро од сè беше тоа што знаев дека ќе ја имам поддршката од Dr.GoodNight низ целиот процес. Давид сега спие по 11-12 часа во текот на ноќта, има одлични дремки и е многу среќно дете.
Горица
Мајка на Давид (12 месеци)Сања, сакам да кажам дека си прекрасна и ти и твојата програма. Поминаа 12 ноќи и мојот син спие по 7-8 поврзани часа, па по кратко будење без проблем заспива повторно сам во нова позиција во креветчето. Не сме биле поодморени и посреќни во изминативе 11 месеци. Премногу ти благодарам, одлуката да дојдам на твоето предавање ми е една од најдобрите во врска со доброто на моето дете. Сите сме посреќни и поодморенu!
Александра
Мајка на Ања (7 месеци)Благодарение на вашите консултативни совети, нашиот 19 месечен неспијач, спие цела ноќ без будење веќе 5 месеци. Ви благодариме од срце!
Катерина
Мајка на ВојданВи благодарам, нема ништо поубаво од тоа детето да ти стане наспано, насмеано и расположено. Ве препорачувам на сите со мали бебиња, бидејки стварно ни помогнавте!
Моника
Мајка на ТеоСања, со тебе никој веќе нема да има потешкотии, се радувам на второ дете само ради тоа што го решивме проблемот со спиење на Тео!
Бојана
Мајка на ТеоDr.Goodnight, ти благодарам од срце за помошта и поддршката, не верував дека Војдан може да заспие сам, па и да ја преспие цела ноќ, 13 месеци спиеше само во раце. За мене ова беше голем предизвик, благодарение на тебе успеав да му помогнам на Војдан да заспива сам, да спие помирно, и да се буди среќен и наспан, а исто и јас. Знам дека има мн мајки како мене, кои не веруваат дека нивните малечки можат да заспијат сами, искрено не губете повеќе време.
Надица
Мајка на ВојданДрага Сања, ти благодарм што ме научи да заспивам сам во своето креветче без мама да ме држи во раце и да ја преспивам ноќта, ти благодарам што сега мама и тато се наспани, полни со енергија за да можат цел ден да си играат со мене! Ти си нашиот омилен доктор- Др Гуднајт!
Вања
19 месециDr.Goodnight, сакам од срце да ви се заблагодарам за тоа што ми помогнавте да го научам моето 11 месечно бебенце само да заспива, да спие во своја соба и да ги преспива ноќите, а воедно и мајка му да биде наспана и одморена за него и неговата поголема сестричка. Програмата ви е одлично направена, бидејќи е индивидуална и вашата секојдневна поддршка и помош низ целиот процес е непроценлива. Искрено, не верував дека ова може да се постигне и дека ќе биде реалност, но вие ми го докажавте тоа. Посебно ми е драго што конечно и кај нас има професионалци кои работата со оваа проблематика и нудат помош и програма на оние на кои им е потребна! Секоја ви чест! Топло би ве препорачала на секој кој има потреба од ваша помош.
Мама
на 11 месечниот АндрејЗначи морам да ви кажам, секој ден си викам да е жива и здрава Сања детенцето што ми го претвори во спанко. Тој родител кој немал проблеми со спиењето на неговото детенце ова не можат да го разберат, бидејќи секојдневно се среќавам со предрасуди за раното легнување на моето дете, и за непрескокнувањето на рутината, но не знаат дека неспињето е навистина проблем, барем за мене беше, и тоа голем. До 9 месеци се нишкавме во раце и спиеше со нас, на секое мое мрдање се будеше, едноставно ми беше кошмар времето на заспивање 1 час, а не знаев каква ноќ ме чека, односно колку пати ќе се разбуди и повторно млеко, па нишкање и се така во круг до сабајле. Среќна бев ако сврзеше 3 часа сон, но благодарение на тебе моето дете точно знае кога му доаѓа вемето за заспивање, си заспива во креветче сам и тоа за 5 минути, како денски така и навечер си спиеме мирно до сабајле, ова ни на сон не ми доаѓаше, едноставно бев помирена дека такво си е детето, дека е мало и мора така се додека не порасне, а едноставно спиењето било вештина на која треба да го научиш детето исто така како што го учиме да јаде, да оди, да зборува, и нема ништо поубаво за една мајка од наспано, весело дете, спремно за игра. Фала Сања.
Мама
на 15 месечниот Алексеј“Благодарение на тебе Сања, Ива е среќно бебе кое сега ќе полни 1 година и која од свои 8 месеци заспива сама, ја спие цела ноќ, сама заспива и при дневните дремки и најважно од се е задоволно бебе, ти благодаран за ангажманот и советите, голем поздрав.”
Ирена
Мајка на Ива (12месеци)Од срце ви ја препорачувам нашата драга и прекрасна Сања за нежен тренинг за спиење. Колку и да ви е тешка моменталната ситуација со спиењето т.е неспиењето на вашето бебе, сигурна сум дека Сања ќе ви помогне, како што ни помогна и на нас-многу. Од 6 до 10 месеци нашето бебе во просек се будеше по 6 пати во текот на ноќта, немаше навики на спиење ниту дење, ниту ноќе. Со помош на Сања и на програмата која ја направи за нас, спењето на нашиот Лазе веќе не ни претставува проблем. Најубаво е што на овој начин го учите вашето бебе само да заспие само и да ја преспие целата ноќ. Големо задоволство ни беше да соработуваме со Сања која е полна со разбирање и трпение, и секогаш ни излегуваше во пресрет кога ќе ни требаше совет.
Љубива
Мајка на Лазар (10 месеци)“Ептен фала уште еднаш за се, немаше да успееме без твоја помош. Воодушевени сме од твоето познавање на оваа тематика и сите аспекти поврзани со неа и сме преблагодарни за сите совети и иформации кои ги сподели со нас. Сега чекориме посигурно и поодморено во новите предизвици што престојат со растот и развојот на Лука. Ти посакувам понатамошен успех во работата, убаво е да се знае дека имаме кого да го контактираме во секоја нова фаза и предизвик со спиењето на Лука.”
Емилија
Мајка на Лука (15 месеци)“Без дилема најдобра си! Вие сте уште еден доказ дека работата што ја работиш со љубов дава плод! Знаеш и сама последно бев очајна мислев дека нема чаре ама ни успеа Сања, навистина успеавме! И ти благодарам од се срце ти благодарам, и кај стигнам те препорачувам!”
Гордана
Мајка на Ива (18 месеци)Благодарам е премал збор да искажам што се чувствувам! Михаил спие по цела ноќ, дневните дремки му се продолжени од 30 минути на неверојатни 1ипол до 2 часа. Многу ти благодарам на советите и поддршката! До денеска точно две недели а тој веќе има неверојатни резултати! Ти посакувам да продолжиш активно да докажуваш дека мајка на бебе не треба да биде еднакво преморена мајка, дека и спиењето се учи, и дека бебињата учат да спијат сами!
Милена
Мајка на Михаил (10 месеци)Топла препорака до сите ненаспани родители, ние сме со 6 месечно бебе кое повеќе од месец дена се будеше на 1-2 часа во текот на ноќта, а некогаш и на 30 минути. Благодарение на вас научивме да ја преспиваме цела ноќ сами и после толку време конечно и мама и тато ја преспиваат цела ноќ!
Ивана
Мајка на Василиј (6 месеци)Топла препорака до сите ненаспани родители, ние сме со 6 месечно бебе кое повеќе од месец дена се будеше на 1-2 часа во текот на ноќта, а некогаш и на 30 минути. Благодарение на вас научивме да ја преспиваме цела ноќ сами и после толку време конечно и мама и тато ја преспиваат цела ноќ!
Ивана
Мајка на Василиј (6 месеци)Цела една година иста рутина, не е променето ништо, легнуваме и се будиме во исто време. Сања фала ти што постоиш без тебе немаше да знам од каде и како да почнам!
Ана
Мајка на Војдан (18 месеци)Благодарение на твоите совети малото спие уште од 8 месеци, и почна да си преспива од 20 часот до 6 часот сабајле, еве 2 години е и уште тераме исто. Сам си заспива, си се буди среќен и наспан. Вечно благодарна!
Илина
Мајка на Иларија (18 месеци)1000 пати фала Сања, нашите две дечиња спијат во иста соба заедно, заспиваат сами и ја преспиваат цела ноќ!
Ружица
Мајка на близначиња“Благодарение на тебе Сања бебињата близнаци спијат по цела ноќ, а исто така и бато, сите сме наспани дома!”
Кристина
мајка на 3 деца од кои 2 близначињаМногу сме среќни што успеавме, и конечно ни го врати мирот и сонот, ти благодарам за прекрасната соработка, ти посакувам само успех и еден куп наспани клиенти.
Лина
на 15 месечмата МиаНашиот шампион во неспиење се научи сама да заспива и да ги преспива ноќите, бескрајно фала Сања!
Верица
на 12 месечната ИринаНие се чувствуваме наспани, благодарение на тебе Сања, тренингот направен пред 6-7 месеци, буквално не спаси!
Симона
на 20 месечниот Димитриј.Скоро 2 години како се будиме наспани, расположени и весели цело семејство!! Ти благодариме Сања! Со твоите совети продолжи да усреќуваш и други семејства!
Даниела
на 15 месечниот Симон.11 месеци моето бебе се будеше по 6-7 пати и презспиваше само со нишкање или доење, живо мачење и за неа и за мене, после тренинзите за спиење, заспива сама и ја преспива цела ноќ. Сања, фала ти.
Софија
на 18 месечната ДинаСпиеме и по 12 часа благодарение на тебе Сања, значи моето бебе заспиваше строго по полноќ и цела ноќ седевме будни, никаков ред а и плус кичмата ми знае колку се нишавме година и 3 месеци, сега заспива сама во 20 часот, и сабајле во 7часот не можеме да ја разбудиме некогаш од што е успана. На сите мајки што се двоумат нека не се мислат и одма да те ангажираат за помош, затоа што си најдобра. Те гушкаме и те сакаме Сања!
Луна
на 20 месечната КирјанаПо не знам кој пат и по некое време пак ќе кажам: ти благодарам за тоа што успеа во нешто за кое и самата јас мислев дека е невозможнпо. За сите наши проспани ноќи и одморени утра, ти си нашиот спасител и најтопло те препорачуваме на сите кои имаат боло каков проблем со спиењето.
Лидија
на 14 месечниот Лука.Благодарение на тебе веќе долго су преспива малиот. Видов раат и не ми се верува дека за една недела од навидум неизлезна ситуација дертето си почна да си спие само. Благодарна премногу и секаде те препорачувам!
Наде
на 17 месечниот МатејЗдраво Сања, благодарение на тебе ние функционираме веќе 7-8 месеци, те препорачувам на секоја мајка, која сака ред и сон за своето дете и за себе!
Биле
на 12 месечната ЛинаСања, не знам со кои зборови да опишам колку сум ти бескрајно благодарна. Со неверување дека некогаш дремките од 30 минути ќе се продолжат на 1ипол час па дури и 2ч. Ми изгледаше неприфатливо тоа да се трудам да и ги продолжувам дремките со тоа што треба да седам до нејзе пред да се разбуди. Сега се уверив дека тоа не било залудно, спие без јас да бидам до нејзе. Ноќното спиење го совладавме уште првиот ден од тренингот. Ти благодарам за поддршката.
Ангелина
на 12 месечната АлександраЗдpаво Сања, ти пишувам две недели после консултацијата што ја имавме, сакав да ти кажам дека ги следев твоите препораки и дека спиењето се подобри баш така како што ми кажа за 1-2 вечери. Сега спиеме по цела вечер без активни будења, дремките се поправија 100%, фала ти премногу. Очигледно предобро си ја знаеш работата, единстевено ми е криво што чекав до сега да те контактирам. Те препопрачувам кај стигнам!
Љубица,
на 20 месечната Миа.Здраво Сања само да ти кажам дека почнавме со тренингот за спиење минатава недела, и еве веќе 5 ден успешно заспива сам во креветче во 20 часот и се буди околу 6:30 часот сабајле. Знае да се разбуди во текот на ноќта, меѓутоа сме ти многу благодарни и многу научивме од конултацијата. Секоја чест за ова што го правиш, бидејќи сонот нема цена, и како што е потребен за растот и развојот на бебето, исто така е потребен и за родителите. Поздрав и секое добро.
Јана
на 9 месечниот Јаков.Конечно после 10 месеци прва проспана ноќ! Цела без будење! Каков среќен ден е ова! фала ти Сања, секој совет злато ти вреди!
Ангела,
на 10 месечниот Марио.Драга моја Сања, морам да ти се заблагодарам од се срце, 4 од 4 дена бебето спие и ја преспива ноќта, како и јас со неа! Значи на сите те зборувам, си ни спасила и нерви и психа и сон и се. Фала најмногу!
Марина
на 12 месечната МилаСања ти си чудо и секоја чест, денес заспа за 12 минути, дури и сама не можам да си поверувам, а ни е само 4 ден!
Јасна
на 19 месечната КристинаЗдраво Сања, Ирис веќе трета вечер од тренинг заспива потполно сама, се прашувам дали е ова моето дете, хаха. Ти благодарам од срце.
Магдалена
на 12 месечната ИрисЗдраво Сања, сакав само да те информиранм, бидејќи тренингот ни заврши сакам уште еднаш да ти кажам ОГРОМНО БЛАГОДАРАМ за се што стори за нас, ми го смени животот и на мене и на Ева, преблагодарна сум ти, ти си гордост и наша среќа е што те имаме во државава. Ќе имаш највисоки препораки кај сите родители со ваков проблем!
Мартина
на 20 месечната ЕваТопла препорака од срце за сите ненаспани родители кои сеуште се двоумат да побараат помош. После 4 месечната регресија во спиење имавме констукривна онлајн консултација со Сања, а понатаму следев уште две онлајн предавања. Со советите и насоките го срдивме дневното спиење, потоа и самостојното заспивање, близнаците започнаа веднаш да спијат во свое креветче! Благодарение на поддршката од Сања, која ги одговараше сите наши прашања, после следните регресии многу лесно се враќаа во шема и така имаме среќни и наспани деца!
Љубица
на 6 месечни близначиња.Имавме основна програма со Сања, детето до 2 години не спиеше воопшто добро што беше измачување како за него така и за нас, после тренингот одлично спие и заспива сам. Така го тргнавме и шишето и млекото кое ни беше само навика. Одлично и позитивно искуство од целиот процес.
Анна
на 2 годиншниот МаркоПосле долги и непреспиени ноќи, со консултации а потоа и со тренинг-индивидуална програма, Сања ни го врати сонот дома на сите. Ние имаме успешна приказна веќе 2 годии. Топла препорака за секоја мајка. Ти благодариме Сања за твојата посветеност.