„Една и единствена!!! Сања, фала ти што постоиш!!! Не спаси од тешките непреспиени ноќи!!“
Љубица Т.
Истакната приказна · Програма со Сања
„Можеме сите“ – писмото на мамаИ
Бебе од 1 година · консултација преку видео-повик и тренинг дома
Пред
Заспиваше во раце додека пие млеко
Дремките стануваа сè пократки
Се будеше од сон со плачење
„Како да ми бегаа конците од раце“
Сега
Во 18:30 веќе заспана
12–13 часа ноќно спиење, 2–3 часа дремки
На 11 месеци без шише и цуцла
„Наспано дете – среќна мајка“
Целта ми беше babyG сама да се успива. Кога почна физичкиот развој – време на лазење, почна тешко и немирно да заспива, едно време заспиваше во раце додека пие млеко, менуваше од ден на ден, дневните дремки наместо подолги стануваа пократки […] На кратко кажано – како да ми бегаа конците од раце.
Првиот разговор […] го водевме преку video call. Прво имав мала анкета за уште поубаво да се запознае со навиките и развојот на babyG, а после тоа следеа совети за сите ситуации кои ме бунеа. […] Уште истата вечер почнав со „тренинг“ за babyG сама да заспива, утредента почнав со промените во однос на дневните дремки кои истиот ден БУКВАЛНО станаа подолги дури по 1 до 2 часа.
Во овој момент додека babyG во 18:30 е веќе заспана за ноќно спиење, јас наоѓам време за: себе, за сопругот, за да ги спремам активностите за утредента, успевам да се одморам, наспана сум […] BabyG веќе врзува активни 12–13 часа ноќно спиење, 2–3 часа дневно. Да, можно е!
„Спиеме богами по 12 часа ноќе благодарение на тебе. Моево бебуле заспиваше строго по полноќ и цела ноќ седевме будни, никаков ред, а плус кичмата ми знае колку се нишавме година и 3 месеци. Сега заспива сама во 20:00 и сабајле во 7 не можеме да ја разбудиме некогаш од што е успана. На сите мајки што се двоумат нека не се мислат […]“
МНМајка на девојче бебе од 1 година и 3 месеци
Google ★★★★★ Програма со Сања
Сама во својата соба уште од првата вечер
„Спас! Со помош на Сања, ќерка ни спиеше сама во својата соба уште од првата вечер на тренингот. Многу ни се допадна што ова не е класичниот cry-it-out метод, туку сте таму за бебето. Сега нејзините методи ги користиме и за второто бебе.“
„После 4-месечна регресија во спиење имавме конструктивна online-консултација со Dr.GoodNight […] Со советите и насоките го средивме дневното спиење, потоа и самостојното заспивање, а близнаците започнаа веднаш да спијат во свое креветче!“
„Имавме основна програма со Сања, детето до 2 год не спиеше, сега спие одлично и заспива сам. Така го тргнавме и шишето и млекото. Одлично и позитивно искуство од целокупниот процес и достапност на Сања.“
„Пред да побараме помош од Сања, бевме помирени со тоа дека е невозможно нашето дете само да ја преспие ноќта. […] Нејзиниот пристап беше неверојатно ефикасен, а исполнет со топлина и сигурност. […] Детето не само што ја прифати рутината пред спиење, туку научи и самостојно да заспива, без да зависи од нас.“
„Неизмерно сум благодарна на нашиот тренер за спиење. Долго време се борев со спиењето на малечкото, а таа го реши проблемот со смирено, јасно и професионално водство. Бебето сега спие прекрасно, а конечно можам да се одморам и јас. Топло ја препорачувам на секој родител на кој му треба поддршка!“
„Најдобрата инвестиција во нашите животи. Сања прво ѝ помогна на нашата ќерка (почна да спие во својата соба како 7-месечно бебе), а сега ни помага и со синот. Секогаш беше достапна за нас, како вистински професионалец, и целото искуство го направи многу пријатно.“
„Нашето 7-месечно бебе премина од будење на секои 45–60 минути до спиење преку целата ноќ. […] Сега заспива сам, спие во просек 9–10 часа и спие сам во сопствено креветче за сите дремки. Со ваква рутина се чувствувам како да добив назад одредена независност.“
МНМајка на момче бебе од 7 месеци
Порака од клиент Онлајн програма
Од странство, резултат уште втората ноќ
„Живеам во странство […] По 8 месеци ненаспани, без никаков ред, плачливи денонокија, […] бев на работ до колапс. […] Резултатот се покажа уште на втората ноќ од тренингот, а кратко потоа почна да ги преспива ноќите. Дневните дремки претходно ни беа по 30-тина минути само во мои раце, а сега спие по 1–2 часа сам во своето креветче.“
МОМајка од странство бебе од 8 месеци · онлајн
Порака на Instagram Совети од Сања
Без ноќно млеко и без цуцла
„[Бебето] 9 м. веќе 1 недела не пие млеко навечер. Почнав како што ми кажа да намалувам и 4-тата вечер ништо не давав […] и еве сега спие цела вечер без млеко. А [постарото] 3 год. веќе 3-ти ден спие без цуцла.“
МНМајка на две деца 9 месеци и 3 години
Порака на Instagram Програма со Сања
Се успиваше само во раце – третата вечер сама
„Трета вечер од тренинг заспа потполно сама, само лежев до неа на кревет, ни гушнати ни ништо. […] Најубав новогодишен подарок за цело семејство.“
МНМајка на девојче Порака на Instagram
Порака на Instagram Програма со Сања
Ноќното спиење подобро за 200%
„[…] Првите неколку дена јас бев тотално разочарана дека нема да ни успее, но секој ден се помалку и помалку време ни требаше за ноќно успивање. […] Ако претходно имавме дремка не подолга од 30–40 мин, сега спиеме минимум 1 до 1,5 час. Ноќното спиење ни се подобри 200%, дури 8-миот ден заспа без никакво плачење.“
МНМајка на момче Порака на Instagram
Порака на Instagram Програма со Сања
Од будење на секој час до 20:00–7:00
„Уште од втората ноќ сам заспа и не се разбуди цела ноќ, од 20 до 7 часот. […] Не ми се веруваше дека тој сам може да заспие и да не се буди на секој час.“
МНМајка на момче бебе од 9 месеци
Порака на Instagram Програма со Сања
Дремките од 30 минути станаа 1,5–2 часа
„Со неверување дека некогаш дремките од 30 минути ќе се продолжеа, сега спиеме без проблем 1 ч. и 30 минути па дури и 2 ч. […] Спие без јас да бидам до нејзе. Ноќното спање го совладавме уште првиот ден од тренингот.“
НМНаспаната мајка Порака на Instagram
Порака на Instagram Програма со Сања
Од 2 часа успивање до 12 минути
„Денес заспавме за 12 минути. Значи 12, дури и сама не можам да поверувам. А ни е само 4-ти ден.“
МНМајка на бебе Порака на Instagram
Google ★★★★★ Консултации и програма
Успешна приказна веќе 2 години
„После долги непроспиени ноќи со консултации, а потоа тренинг – индивидуалната програма, Сања ни го врати сонот дома на сите. Ние имаме успешна приказна веќе 2 години. Топла препорака за секоја мајка.“
„Искрена препорака до сите родители кои се борат со непроспиени ноќи. Резултатите од програмата за ноќно спиење се преспивање на цела ноќ кај нашето 7-месечно бебе и среќни и одморени родители!“
„Ако имате каков било проблем со спиењето, мал или голем, не двоумете се да ја контактирате Сања! Таа е посветен професионалец со силна желба да помогне. Имавме неколку консултации и секој пат нејзините совети беа точно на место.“
Не верував дека [синот] може да заспие сам, па и да ја преспие цела вечер, 13 месеци спиеше само во раце… Благодарение на тебе успеав да му помогнам да заспива сам, да спие помирно и да се буди среќен и наспан, а исто и јас. […] Знам дека има многу мајки како мене, кои не веруваат дека нивните малечки можат да заспијат сами, но искрено – не губете повеќе време.
→
Јуни 2021 · иста мајка, една година подоцна
Цела една година иста рутина, не е променето ништо, легнуваме во исто време, се будиме во исто време. Сања, фала ти што постоиш, без тебе немаше да знам од каде и како да почнам.
„Имавме одлично искуство со Елеонора. Почнавме кога нашето 12-месечно дете се будеше најмалку на секои 3 часа за доење. За време на тренингот успешно го преместивме во неговата соба, научи самостојно да заспива, ноќното доење престана до третиот ден, а до шестиот ден ја преспиваше ноќта.“
„Од самиот почеток беше неверојатно поддржувачка, смирена и секогаш достапна кога ни требаше. Без разлика дали имав прашање во 22 часот или момент на паника сред ноќ, таа беше тука со совет, со разбирање и без осуда. […] Нејзиниот пристап не е строг или „по книга“, туку многу човечки и прилагоден на детето.“
ММагдалена мајка на 7-месечно момче
Објава на Instagram Програма со Елеонора
Многу полесно отколку што очекував
„Тренингот беше многу полесен отколку што очекував. Благодарение на одличната поддршка од тренерката Ели, целиот процес помина мирно и со многу малку плачење. Во секој момент беше достапна за прашања, ни даваше јасни насоки и ни влеваше сигурност.“
ХХристина мајка на 1-годишно девојче
Порака на Instagram Програма со Елеонора
Петти ден: заспива сама
„Тренингот со Ели ни оди одлично. […] Ден 4 и ден 5 без никаква моја помош заспа сама за 40 минути, си лежеше и си зборуваше, воопшто не ме побара. Фала ви за помошта и поддршката […]“
МНМајка на бебе Порака на Instagram
Вашата приказна може да биде следната.
Изберете програма според возраста на детето или закажете консултација.
Сите искуства се вистински пораки и рецензии од родители, објавени на Google, Instagram и Facebook. Подолгите се скратени со […]. Пораките на латиница се пренесени на кирилица, а рецензиите на англиски се преведени. Имињата на децата се изоставени.
Subscribe to our newsletter
Sign up to receive updates, promotions, and sneak peeks of upcoming courses. Plus 20% off your next course.
Your information will never be shared with any third party
Индивидуален дневен ред и распоред за вашето бебе, видео лекции и 2 онлајн разговори што ве водат чекор по чекор до проспани ноќи.
Развој и циклуси на спиењето – ќе научите како се развива спиењето и што се случува додека спиеме. Ќе можете да ја препознаете причината за ноќните будења на вашето дете и да го најдете решението.
Дневен ред и распоред – ќе научите зошто се важни дневните дремки и должината на прозорот на будност. Ќе знаете како правилно да креирате дневен ред за вашето дете кој ќе биде соодветен за неговата возраст. Ќе знаете како да спречите премор и како да му помогнете на вашето дете да има добар ноќен сон.
Индивидуален дневен ред и распоред за вашето бебе, видео лекции и 15 дена лична поддршка што ве водат чекор по чекор до проспани ноќи.
Развој и циклуси на спиењето – ќе научите како се развива спиењето и што се случува додека спиеме. Ќе можете да ја препознаете причината за ноќните будења на вашето дете и да го најдете решението.
Дневен ред и распоред – ќе научите зошто се важни дневните дремки и должината на прозорот на будност. Ќе знаете како правилно да креирате дневен ред за вашето дете кој ќе биде соодветен за неговата возраст. Ќе знаете како да спречите премор и како да му помогнете на вашето дете да има добар ноќен сон.
Индивидуален дневен ред и распоред за вашето бебе и мои видео лекции што ве водат чекор по чекор до проспани ноќи.
Развој и циклуси на спиењето – ќе научите како се развива спиењето и што се случува додека спиеме. Ќе можете да ја препознаете причината за ноќните будења на вашето дете и да го најдете решението.
Дневен ред и распоред – ќе научите зошто се важни дневните дремки и должината на прозорот на будност. Ќе знаете како правилно да креирате дневен ред за вашето дете кој ќе биде соодветен за неговата возраст. Ќе знаете како да спречите премор и како да му помогнете на вашето дете да има добар ноќен сон.
Вашето бебе/дете сеуште не ги преспива ноќите? Се буди често? Не знае да заспие само? Има кратки дремки? Ние ви го нудиме решението! Со помош на нашата индивидуална програма ќе ги вратите проспаните ноќи во вашето семејство за помалку од две недели.
Ќе ја зголемиме вашата самодоверба
Ќе научите да ги читате знаците и потребите на своето бебе