Пополнете го прашалникот кој ќе ви се појави на екранот откако ќе ја купите Програмата. Во рок од 48 часа на вашата е-пошта ќе ви пратиме индивидуален персонализиран План за спиење со соодветен дневен ред и распоред што можете да го преземете и да го следите лесно, а којшто е од суштинско значење за процесот на тренинг за спиење. Ние за вас ќе создадеме сопствен план за спиење којшто е прилагоден на индивидуалните потреби на вашето дете и вашето семејство.
Видео-лекции од Сања, коишто чекор по чекор ве водат низ: дневен распоред, рутини за спиење, методи за спиење, ноќно будење, одвикнување од ноќни подои/ ноќна дохрана, рано утринско будење, дремки и др.
Откако работев со илјадници семејства, седнав да запишам сè што треба да знаете за да го направите спиењето успешно. Овој тренинг заснован на искуство, истражување и експертиза ви нуди решение за проблемите поврзани со спиењето на вашето дете!
Моите видео-програми ќе ве водат од ден на ден и ќе ни овозможат да бидеме виртуелно заедно буквално на секој чекор од патот. Оваа програма е осмислена да одговори на клучните прашања со кои се соочив откако работев со илјадници семејства и ќе ви даде знаење да го научите своето дете како да заспива самостојно и како да ја преспива ноќта, а најдобро од се е тоа што вие ќе го водите и насочувате вашето дете за време на целиот тренинг, ќе му нудите вербална и физичка поддршка за полесно да дојдете до проспаните ноќи.
Барате дополнителна поддршка и помош при секој чекор за време на тренингот за спиење на вашето бебе? Изберете дополнителен пакет за да добиете поддршка или телефонски повици со тимот на Д-р Гуднајт (Dr.Goodnight®) и да добиете одговори на вашите прашања во секое време!
Заслужувате среќно, здраво, добро и одморено семејство!